среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  2005

   

Доброто управување со граѓанските организации

Организациите живеат од изградената доверба

Само 13 % од граѓанските организации, во последниве 15 години ја смениле раководната структура

Одржувањето на панелот под наслов  “Доброто управување во граѓанските организации” беше поврзан и со презентација на истоимениот прирачник, од Келменд Зајази. Во него Зајази ги внел досегашните евидентирани искуства за управувањето во граѓанските организации во Македонија,  укажувајќи на,  и објаснувајќи ја потребата од добро управување, но внесувајќи и препораки  што може да се направи за да се надминат постоечките проблеми..

Тој пред  малобројната публика на панелот, ги презентираше теоретските аспекти на доброто управување, нарекувајќи го истото “механички процес во организацијата на донесување одлуки, од кој зависи работата но и опстанокот на организациите”. 

“Иако во земјава  сеуште не е направено целосно истражување на управувањето со граѓанските организации , презентираните сознанија во прирачникот се темелат на ЦИВИКУС индикаторите, според кои во  Македонија во однос на контролата на управувањето  постојат две крајности: организациите да немаат Управен одбор, а доколку го имаат, истиот да не е е активен.Граѓанскиот сектор кој е во фаза на созревање, го карактеризира и појавата на микроменаџирање, во кое се чувствува улогата на основачите на организациите” - стои во прирачникот.

“Зошто е потребно доброто управување, на кого организациите треба да му дава отчет за својата работа, е клучното прашање. Граѓанските организации користат јавни средства , поради што е потребно и да ја информираат јавноста за начинот на кој и ги  трошат, што пак е услов за градење доверба” - потенцираше Зајази, кој рече дека организациите живеат од довербата, која континуирано треба и да ја градат. 

Посочувајќи ги како организации кои во процесот на децентрализација играат голема улога, авторот на прирачникот, рече дека тие мораат постојано да го градат потребниот кредибилитет за таа улога во општеството, кој пак е условен од доброто внатрешно управување.

Говорејќи за перспективите, Келменд Зајази  напомена дека очекува созревање на граѓанските организации, што ќе значи и  надминување на фазата на  влијание на оснивачите.

“Во иднина нема да опстанат граѓанските организации во кои  еден човек  ги врши сите функции. Ќе опстанат организациите со добро управување” - изјави тој. 

Сунчица Саздовска од Македонскиот центар за меѓународна соработка кој беше и организатор на панелот,  на почетокот од своето обраќање, на присутните  им ги претстави ЕУ принципите на добро управување: отвореност, партиципација, отчетност, ефективност, кохерентност, за потоа и да  ги презентира добиените сознанија на тема “Добро управување  во граѓанските организации во Македонија”, користејќи го истражувањето на МЦМС за   Индексот на  граѓанското општество во земјава.

“Дојде време кога  прашањата за добро управување треба да си ги поставиме во граѓанскиот сектор “  рече таа, посочувајќи дека дури 70 % од испитаниците сметаат дека  во нивните организации  постои демократски начин на одлучување , но истражувањето покажало дека  исти лица се јавуваат во  структурите и на управните одбори и во  извршните функции.  Според податоците, само 13 % од граѓанските организации  во последниве 15 години  ја смениле раководната структура; собранијата  во организациите се доживуваат само формално (се одржуваат еднаш годишно, со однапред  донесени одлуки ) и др.

“Самите граѓански организации  се доста активни во промовирањето на  демократијата, но прашање е какво е  влијанието на нивните активности во мобилизација на јавоста во Македонија, дали непочитувањето на демократијата во сопствените редови прави проблем”,- запраша Саздовска , која се осврна и на добиените резултати поврзани со  транспарентноста на организациите, наведувајќи дека согледувањата податоците на  меѓународната организација Транспаренсу Интернатионал, говорат за многу помала корупција во граѓанските организации  во земјава во однос на другите субјекти кои го чинат општественото живеење   Резултатите од споменатото  истражување говорат дека  сомнежите за нетранспарентност се потикнати од:недостаток на доверба, од меѓусебни обвинувања  на членовите, од недоволната  транспарентност во работењето. 

“Финансиските извештаи и се достапни на јавноста, (53% од  вкупниот број на граѓанските организации), но не се прават чекори за нивна промоција. Мал круг на луѓе имаат пристап до финансиските податоци, а отчетност и одговорност за работата,  граѓанските организации главно покажуваат  кон донаторите. Постои и  недоволна свест кај членовите на организациите зашто треба да се биде отчетен “ -истакна меѓудругото Сунчица Саздовска, која  укажа на потребата од зголемување на активностите на организациите на полето на транспарентноста, нагласувајќи го  и незначителното промовирање на транспарентноста на владата и отсуство  во однос на деловниот сектор во земјава .

Славко Лазовски презентираше дел од своите согледувања на актуелните состојби, потенцирајќи дека во Македонија  ретко може да се говори за демократски процеси кога главен работодавач е Владата,  осврнувајќи се на фактот за запоставување на неформалното организирање присутно во минатото.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA