среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  2003  Декември

Милиеуконтакт
Повик за учество на Годишната унгарска национална средба на еколошки НВО
Учеството ќе биде особено интересно за оние претставници на еколошките НВО кои се или директно вклучени во националната мрежа и соработка на НВО, или пак размислуваат да основаат слични национални настани како унгарскиот ОТ.
Покана за продажна изложба
По повод Нова година, НВО „Доверба“, „Добредојде“ и Работната тераписка група од ЈЗО Психијатриска болница - Скопје, со поддршка на градот Скопје и градоначалникот Ристо Пенов, организира продажна изложба на предметите произведени во креативните работилници.
Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ
Одржани четири тренинг курсеви за потребите на локалната самоуправа
Во согласност со работниот план, Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ организира четири тренинг-курсеви за советниците на општините кои гравитираат кон центрите во Скопје, Маврово, Кавадaрци и Кочани со наслов „Енергетската ефикасност како можност да се намалат трошоците на општините“.
Денови на Каритас: Гест за мир
„Десет милиони ѕвезди“...
Македонскиот Каритас, во соработка со Францускиот Каритас, хуманитарни граѓански организации со програми за промоција на солидарност и мир, ќе го одржат вториот настан “Десет милиони ѕвезди - Денот на каритас“, во Скопје, на 19 декември годинава, на платото пред Домот на Армијата и околу споменикот на Мајка Тереза, каде што во 15:30 часот ќе биде осветлен со специјални свеќи декорирани од членови на организации со кој соработува Каритас.
Трибина на Проектната канцеларија на град Скопје
Да зборуваме отворено за проблемот на употребата на дроги; Каде сме и што натаму?
На трибината учествуваа претставници на ресорните министерства, одредени институции, како и граѓански организации кои работат на решавање на проблемите со дрогите.
Хелсиншки комитет
Повик за прослава на Светскиот ден на човековите права
Прославата ќе се одржи на плоштадот Македонија (пред ГТЦ) во Скопје, на 10 декември 2003 година во 12 часот.
Еко.нет
Нови обуки за користење на Интернет
Центарот за електронска комуникација ЕКО.НЕТ, продолжува со одржување на интернет-обуките низ градовите во Р.Македонија.
Совет за меѓународна размена на ученици - Фулбрајтова програма
Ученици на новиот век (НЦС)
Креан рок за аплицирање: 15 декември 2003
Младинска акциска програма на заедниците - повик за поднесување проекти за широка соработка, обука и информации
„Action 5“ Мерки за поддршка (DG EAC 17/03)
Краен рок за аплицирање: 31 декември 2003
Балкан
Продолжува регионалната соработка помеѓу црковните и нецрковните граѓански организации
Форумот на Светскиот црковен совет (WCC) - Екуменско партнерство на југоисточна Европа (SEEEP) се одржа од 17 до 20 ноември во Боровец, Бугарија.
БиХ
Кинескиот синдром: Босна ги отфрла ХИВ/СИДА заразените лица
Во последниот извештај на Balkan Crisis, бр. 467, IWPR објави дека ХИВ/СИДАта станува се' поголем проблем во регионот поради неуспехот на владата да му пристапи на соодветен начин. Босна и Херцеговина досега беше единствената земја во регионот со официјално мал број на регистрирани случаи - само 56.
Јадранско Море
Меѓу развојот и експлоатацијата
Во ноември, владата на Хрватска го усвои проектот за изградба на пристаниште на островот Крк за извоз на руска нафта, наречен Дружба - Адрија.
Европа: Финасиски реформи на ЕЦ
Кон поефикасна употреба и дистрибуција по 2005 година
Околу 75 претставници од мрежата на невладини организации во Европа се сретнаа со официјални лица од Европската комисија и со претставници на Европскиот парламент и земјите членки на 27 и 28 октомври во Палермо да преговараат за иднината на ко-финансирањето на ЕУ-НВО во сегашните услови на дебата за фокусот на развој на ЕУ, реорганизацијата на буџетот и управувањето со буџетите преку делегации и останати децентрализирани процеси.
ФИООМ и Метаморфозис
„Вовед во веб-дизајн за невладини организации“
Целта на семинарот е обука на членови на невладините организации за изработка на веб-сајтови за потребите на невладината организација. Семинарот ќе се одржи од 16 (вторник) до 19 (петок) декември 2003 година, во х. Белви – Охрид.
Европа: Планирање на финансирањето во 2004
Знаци на оптимизам по првото разгледување на Европскиот парламент
Главната фаза од процесот на одобрување на буџетот за 2004 заврши на 23 октомри со гласањето на пленарната сесија на Европскиот парламент.
Африка
Основана Информативна мрежа на граѓанското општество - АЦП-ЕУ
Информативната мрежа на граѓанското општество - АЦП-ЕУ (Африка, Карибите и Пацификот и Европската Унија) беше основана како дел од тековниот проект АКП - Форум на граѓанското општество, со цел да се олесни размената на информации меѓу широкиот сектор на актери од граѓанското општество од АКП (Африка, Карибите и Пацификот) и од ЕУ, како и да се изградат потребните капацитети.
Меѓународен ден на децата 2003
Многу важни задачи, но многу мал напредок
Македонски телекомуникации
Телефонските централи ќе работат на ветар и на сонце
„Македонски телекомуникации“ воведува алтернативни извори на енергија, ветар и сонце, за да се надминат прекините во телефонирањето при евентуален недостиг од електрична енергија.
Светски ден против СИДАта
Живеј и дозволи им на другите да живеат
Под мотото „Живеј и дозволи им на другите да живеат“ денеска ќе биде одбележан Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА - 1 декември. По тој повод во Скопје ќе биде промовирана националната стратегија за борба против сидата.
Меѓународен форум за мир во организација на Граѓански патеки-Битола
Со платформа за мир чекор поблиску до евроинтеграција
Платформата, изготвена на македонски, грчки, српски, албански и англиски јазик, е првиот официјален документ на Меѓународната мрежа за евроинтеграција чии членки се невладини организации од Македонија, од Србија и Црна Гора, од Албанија и од Грција кои работат на младинска проблематика, граѓанско општество и човекови права.
Награда за меѓународен развој „Крал Бодуен“
Повик за номинации за наградата за меѓународен развој „Крал Бодуен“ за 2004-2005
Задоволство ни е да ве поканиме да номинирате кандидат за Наградата за меѓународен развој „Крал Бодуен“ за 2004-2005, која ќе се додели на почетокот на 2005 во Кралската палата во Брисел.
МЦМС
ПОДГОТВУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЦИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ СО ПРОЕКТИ
МЦМС ќе организира две работилници за подготовка на општините како да изработат соодветни предлог проекти со кои ќе може да аплицираат за КАРДС  2003-04 „Програма за развој на локалната инфраструктура“.
Хелсиншки комитет
Повик за прослава на Светскиот ден на човековите права
Прославата ќе се одржи на плоштадот Македонија (пред ГТЦ) во Скопје, на 10 декември 2003 година во 12 часот.
Совет за меѓународна размена на ученици - Фулбрајтова програма
Ученици на новиот век (НЦС)
Креан рок за аплицирање: 15 декември 2003
Младинска акциска програма на заедниците - повик за поднесување проекти за широка соработка, обука и информации
„Action 5“ Мерки за поддршка (DG EAC 17/03)
Краен рок за аплицирање: 31 декември 2003

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA