Што очекуваат граѓанските организации од актуелниот процес на децентрализација

”ПОГОЛЕМА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА”

“...Новиот начин на функционирање на локалната самоуправа ќе биде нов предизвик и за граѓанските организации кои ќе мора да му ги доближат и објаснат на граѓаните новиот начин на орга­низрање на ло-калната самоуправа и нејзините ингерен-ции. Ќе треба да ја искористиме новата можност што ја нуди децентрализацијата, а тоа е пошироко и поконкретно дејству-вање во сфери и сре-дини кои досега беа координирани само од централната власт. Децентрализацијата е предизвик за граѓанското општество и локалната самоуправа. Ние треба да бидеме докрај упорни на локалните власти да не им даваме можност да ги повторуваат старите грешки, правдајќи се дека ова е процес и дека им треба време... ” - потенцира извршниот директор на Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп, Гоце Тодоровски.

„...Убедени сме дека децентрализацијата е навистина  нужност во Македонија и има потреба од демократизација на политичкиот систем за да може да биде во функција на граѓаните. За отворање на локалната власт е потребен граѓански притисок каде што граѓаните ќе бидат активни субјекти. Тука клучна улога треба да имаат граѓанските организации. Развојот на граѓанското општество во општина Куманово ќе биде преку утврдување и лоцирање на потребите на граѓаните и нивно директно учество во креирањето на локалната политика. Очекуваме подобрување на одговорноста, транспарентноста и кооперативноста на локалната власт по однос на иницирање, донесување, и спроведување одлуки од витално значење за заедницата. ОЖ ,,Кумановка,, ќе бара да ги коригира, а наедно ќе дава конструктивни решенија за надминување на локалните проблеми;  пристап до информации и административни документи; да постои степен на соработка на локалната власт со НВО; методи за обезбедување на правото на граѓаните и нивното учество; учество во креирање на општинскиот буџет со свои предлози и иницијативи, како и увид во истиот, и да се зголеми буџетот за секторот НВО; едуциран кадар од НВО да влезе во дополнителни органи (комисии) како надворешни членови, и формирање комисија за работа со НВО...”, сме­та Виолета Петровска,  претседателка на  ОЖ ,,Кумановка” од Куманово.

К.Б