ФИООМ и Метаморфозис

 

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со Центарот за информациски и комуникациски технологии – Метаморфозис, организира семинар на тема:

„Вовед во веб-дизајн за невладини организации“

Целта на семинарот е обука на членови на невладините организации за изработка на веб-сајтови за потребите на невладината организација. Семинарот ќе се одржи од 16 (вторник) до 19 (петок) декември 2003 година, во х. Белви – Охрид.

Сите трошоци околу семинарот (патни трошоци, сместување, храна и учество на семинарот) ги покрива ФИОО–Македонија.

Услови за аплицирање:

1. Апликанти за учество може да бидат само членови или вработени во невладини организации, за што ќе гарантира невладината организација.
2. Апликантите треба да имаат основни познавања во работа со компјутер, користење на програмата „Word“.
3. Апликантите треба да знаат англиски јазик на комуникативно ниво.
4. Секоја невладина организација може да предложи само еден свој член за учество на семинарот.

Потребни документи за аплицирање:

1. Вашето CV со информации за вашето образование, познавање на англискиот јазик и работа на компјутер.
2. Писмена потврда од невладината организација за вашето членство во неа.

Испратете го вашето CV и потврдатата од невладиниата организација по e-mail на angela@metamorphosis.org.mk или на факсот 02/3225-206 најдоцна до 11 декември 2003 г. (четврток) до 16:00 часот.