|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
коментар
Пратеници и ЗГ, карши-карши комуникацијаСкопје, а со тоа и Македонија, есенва ја доби својата Канцеларија за контакт меѓу ЗГ и Собранието на Република Македонија, простор кој се наоѓа карши - карши собраниската зграда, во близина на Градската болница и Зелениот пазар, но и на паркот “Жена борец”, сведок на многу бурни настани од поновата историја на државата. Подобро место за Канцеларијата која треба да обезбеди комуникација меѓу двете страни од еден мошне значаен општествен процес, градење граѓанска држава, како да не можеше да се најде. |  |
50 години на Специјалното училиште “Димитар Влахов”
Училиште кое внесува светлина“Не прави го на некого она што не сакаш да ти го направат тебе”, пишува во училницата на првоодделенците Едис, Берат, Кети, Самир и Димитар кои понекогаш се немирни, како впрочем и сите првачиња, но кога треба да ги учат буквите, и тоа како внимателно ја слушаат својата учителка Снежана Талевска. Наставата тече вообичаено. Децата ги учат буквите на Браевото писмо, читаат четива прилагодени за нивната возраст, а доаѓањето на фоторепортерот и новинарот во нивниот клас посебно го израдува Едис кој ни рече: “Добре дојдовте во нашето училиште, може да не сликате?”, и гушнат со другарите Берат и Кети подготвено позираше пред објективот на фоторепортерот. |  |
Интервју со д-р Наташа Габер, Институт за социолошки и политичко правни истражувања
Сега е момент ромската заедница да направи нешто позначајно за себе“Полека се кристализира една значајна дистинкција во јавноста и на заинтересираните им станува јасно дека Декадата за Ромите претставува еден процес, а изработката на Националната стратегија за интеграција на Ромите во македонското општество е друг процес. Станува збор за два мошне важни, паралелни и комплементарни процеси” - потенцира д-р Наташа Габер - Дамјановска, која интензивно работи на изработката на Националната стратегија за интеграција на Ромите, документ кој има исклучителна важност за ромската заедница и за општеството во целина. |  |
Канцеларија за контакт помеѓу ЗГ и Собранието на Република Македонија
Место за средба на два важни општествени факториВо центарот на Скопје е отворена Канцеларијата за контакт помеѓу Собранието на Република Македонија и граѓанските организации со цел институционализирање на соработката помеѓу Собранието и граѓанските организации, обезбедување релевантни информации за двете страни неопходни за отворен и интензивен дијалог преку употреба на различни начини на комуникација, како и поврзување на граѓаните и законодавните тела, во насока на зголемено вклучување на граѓанскиот сектор во процесите на донесување одлуки. |  |
СТЕЊЕ - РИЗНИЦА НА ПРИРОДАТА И КУЛТУРАТА
Новата перспектива се вика одржлив туризамАко досега не сте вкусиле сушени циронки, преспански крап или специфично сирење-кашкавал кое се подготвува само на едно место, ако не сте ја виделе најубавата преспанска плажа, и ако имате силна потреба од мир, чист воздух и напојување на погледот со рајска убавина - одговорот може да биде Стење.
|  |
Фондовите на Европската Унија III
Како да се стигне до КАРДС?Кои документи треба да се поднесат за КАРДС? Според повиците за предлози, Конзорциумот (т.е. главниот апликант и партнерите) мора да ги поднесат следните документи: еден оригинал и четири копии од формуларот за аплицирање (вклучувајќи го буџетот и долгорочните анекси) и кратки биографии на главните членови на персоналот кои се вклучени во имплементирањето на проектот. |  |
Одржливост на организацијата
Критериумите на надворешна одржливостДали сметате дека вашата организација е одржлива?
Дали сметате дека, на пример, обуката којашто ја испорачувате на вашата целна група ќе можете да ја спроведувате во ист интензитет по неколку години? |  |
Избор
Компанијата Дунапек - како позитивен примерМногу компании во Централна и источна Европа мораат да го надминат наследството од ерата на социјализмот, како на пример застарените производствени технологии и опрема како и застарениот пристап кон управувањето. Дунапек (*Дунапацк Лтд), производител на хартиена амбалажа со седиште во Будимпешта може да послужи како добар пример за компанија која се приспособи и “процвета” во длабоко променетата економска, социјална и правна средина. |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|