|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
коментар
Започна Декадата на интеграција на Ромите2005 година започна доста интензивно кога е во прашање интеграцијата на најголемото малцинство во Европа – Ромите. Официјално, на 2 февруари во Софија, Бугарија, премиерите на Македонија, Бугарија, Унгарија, Хрватска, Србија и Црна Гора, ешка, Словачка и Романија, по иницијатива на своите земји, а во организација на Светската банка и Институтот Отворено општество, се сретнаа на меѓународна конференција и ја потпишаа Декларацијата за иницијативата „Декада за интеграција на Ромите”. |  |
| На втори февруари стартува меѓународната Декада на Ромите 2005-2015 година
Подобар живот за најмаргинализираното малцинство во ЕвропаСпоред официјалните извори во Македонија живеат 65.000 Роми. Најголем дел од нив, 85 отсто, живеат од социјална помош, во населби без потребна инфраструктура, во субстандардни услови, изолирани од останатото население, а многумина поради тоа што немаат друг излез се оддаваат на питачење. Од 400 регистрирани деца на улица сите се Роми. |  |
|
МРФП
Како до заем од МРФПМакедонската развојна фондација за претпријатија е основана во 1998 г. со главна цел за поддршка на можностите за вработувања и развој на микро и малите бизниси. Заемите се дел од Програмата за финансиски услуги на МРФП.
Од основањето до денес, МРФП преку финансиските посредници пласирал близу 11.400.000 евра, до 2516 клиенти. |  |
Промените се случуваат
Кој го украде моето сирење?Ова е приказна за 4 мали суштества кои имаат човечки карактеристики. Две од нив се глувчиња, а другите две се мали „човечиња”. Сите четворица се соочуваат со неочекувана промена, го снемува сирењето кое е неопходно за нивниот опстанок и се принудени да талкаат низ лавиринтот за да го најдат. |  |
| љ & а
КАКО ДА СЕ ПОВРАТИ ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ?Од воведувањето на данокот на додадена вредност до денес граѓанските и другите меѓународни организации, преземаат активности за враќање на ДДВ. Која е законската рамка и како е тоа регулирано? На ова прашање, како одговор пренесуваме дел од Законот за ДДВ. |  |
|
Интервју: Џесика Кук, регионален претставник на организацијата Помош на ракотворците (Аид то Артисанс)
Во занаетчиските производи луѓето пронаоѓаат дел од себеОдбравме да работиме во Македонија поради македонската традиција во занаетчиството, поради изработките, поради испреплетеноста на влијанието на историјата и на разните култури на Балканот кои се огледаат во македонската занаетчиска традиција |  |
Бидете подготвени
Одредени проблеми може да ги решаваме одделно, но за некои од нив навистина е потребно заедничко делување во регионотСитуацијата во регионот во однос на граѓанскиот сектор во државите може да се подобри само со правење мрежа меѓу граѓанските организации и со заедничко дејствување во големи проекти во регионот, кои ќе имаат за цел негова обнова и развој. Интересно е дека во изминатиов период во Македонија се реализираа безброј проекти кои навистина помогнаа во развој на граѓанското општество, иако сметам дека с$ уште се потребни активности кои би требало да придонесат за уште поголем развој. |  |
| Лицата со интелектуална попреченост и вработувањето
Борба за поголемо присуство во општествотоВо трговскиот центар Бисер во Скопје е сместен Дневниот центар на згрижување на лицата со интелектуална попреченост во кој корисниците започнуваат да доаѓаат во 7 часот наутро, време кога и другите скопјани брзаат кон работните места, во училиште, во градинка. |  |
|
Глобален еколошки фонд
Македонија вклучена во Програмата за мали грантови“Апликацијата за вклучување на Република Македонија во Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд, доставена од Министерството за животна средина и просторно планирање преку постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединети нации (УНДП), е прифатена”, извести на почетокот на годинава, канцеларијата за развој на Обединетите нации. Во периодот кој следува, треба да биде избран национален координатор и да се формира национален комитет, со што ќе се пристапи кон подготовка на Националната стратегија на Македонија во оваа сфера. Повикот за грантови ќе биде објавен во првата половина на годинава. |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|