|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Порака до Стразбур
Велам МакедонијаМојата земја е Република Македонија. Јас сум граѓанин на Република Македонија. Културата ми е македонска, како и традицијата на мојата земја. Работам во македонска граѓанска организација. Говорам, како и моите претци, македонски јазик. По националност сум Македонец, како и другите мои сонародници кои се самоидентификуваат така насекаде во светот. И никој не може и не смее да ми го одземе тоа. |  |
Реакција на повеЌе граЃански организации, медиуми и институции по повод Директивата ЕБ(2004) 05 на Советот на Европа
„Кажи Македонија““Кажи Македонија” – е наслов на кампањата што во земјава започна на 19 март под иницијатива на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот Евро Балкан, Економскиот институт, Институтот за македонски јазик, Институтот за национална историја, Институтот за социолошки и политичко-правни науки, ОХО, Транспарентност Македонија, Сојузот на историчарите, Фондацијата Институт Отворено општество Македонија (ФИООМ), неколку дневни весници и институции. Кампањата е реакција на Директивата ЕБ (2004) 05 на Советот на Европа од 2 март 2004 година за употреба на референцата “Бивша Југословенска Република Македонија” и за лицата кои припаѓаат на малцинството или кои зборуваат јазик на малцинството надвор од земјата за да се користат за сите цели во рамките на Советот на Европа. |  |
Интервју: Проф др. Софијанка ГламоЧанин, претседател на организацискиот одбор на Кампањата “Пријатели на Клиниката за детски болести”
Граѓаните сакаат да донираат, но треба да ги потсетимеМакедонската јавност од ноември, минатата година, има отворена можност да се вклучи во исклучително значајната акција посветена на децата, нивното здравје и иднина. Кампањата “Пријатели на Клиниката за детски болести” успеа да го привлече вниманието на граѓаните од земјава, но и на преставниците на странските држави, на граѓанските здруженија, на бизнис-секторот, уметниците, естрадните ѕвезди, медиумите... |  |
ТЕМИС - ЗдруЖение на ЖениТЕ правници во Македонија
Во центарот на интерес - проблемот на трговијата со луѓеЗдружението на жените правници во Република Македонија ТЕМИС од Скопје е основано на 17 април 2002 година со цел професионална обука и размена на искуства во насока на унапредување на статусот на жената во општествениот и политичкиот живот. Во моментов ТЕМИС има 120 членови, а најголемиот број од нив се адвокатки. |  |
Реализирана знаЧајна иницијатива на група граЃански организации
Македонија доби Граѓанска платформаНа 16 март 2004 година во Скопје беше основана Граѓанска платформа на Македонија, иницирана од група граѓански организации посветени на градење на граѓанското општество во земјава. Идејата за основање, во основа се темели на поврзување на граѓанските организации во демократска расправа на идеи, формулација на предлози, слободна размена на искуства и меѓусебно поврзување за делотворна акција насочена кон постигнување видливи резултати во општеството. |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|