Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 46 Февруари 2005  Искуства од регионот

Деминирањето во Босна и Херцеговина (1)

Не заборавајте на мините

БиХ е земја со најголем проблем на минска загаденост во регионот на Југоисточна Европа. Проценето е дека на околу 10.000 локации се наоѓаат околу 670.000 мини и 650.000 неексплодирани боеви средства. Сомнителната површина е процената на повеќе од 2.000 км2, што е повеќе од 4 % од вкупната територија

“Отстранувањето на опасностите од мини е еден од најважните хуманитарни принципи, предуслов за обновување на земјата, на при­ро­дните и економските ресурси, како и враќање на бегал­ци­те и раселените лица. Квалитетниот и  безбеден живот не е воз­можен без решавање на проблемот со мините. Преземањето на сите потребни мерки и спроведување на операциите од областа на  хуманитарното деминирање, обиколката на ризичните по­вр­шина и едукацијата за ризиците од мините се неопходни за да може Босна и Херцеговина да биде слободна од влијанието на мините и другите убиствени средства останати од војната, со цел да се заштити населението, да се развива економијата и при­родните ресурси во БИХ до 2010 година. Потребно е да се обезбеди континуирано, стабилно и долгорочно спроведување на операциите на хуманитарно деминирање и  на други про­тив­мински акции за отстранување на сите мини и на неекспло­ди­ра­ните убиствени средства во Босна и Херцеговина” -  стои во текс­тот поместен на њњњ.бхмац.орг  на граѓанската орга­низа­ци­ја БХ МАЦ - Центар за отстранување мини во Босна и Херце­го­ви­на, која се смета за клучна организација во процесот на мин­ска­та акција во земјата. Наведените цели на работа се поткрепени и со пресек на нивните активности, но и  со релевантни под­а­то­ци за опасностите од присуството на мините и акциите за нивно отстра­нување.  

 

Стратегија за помош на жртвите настрадани од мини

 

Комисијата за деминирање во Босна и Херцеговина во сре­ди­на­та на декември 2004 ја усвоила Стратегијата за помош на жрт­вите настрадани од мини, во која стои дека помошта на жртвите од мини се смета за компонента во интегрираните противмински  активности. „Интегралните планови за противмински акции за загрозената заедница се нови концепти во решавање на про­бле­ми­те со противминските акции. Тој  концепт предвидува нај­добро усогласување на сите ресурси на противминските акции на теренот. Секоја жртва од мини во рамките на своите мож­нос­ти може да биде корисен член на заедницата. Рехабилитацијата на жртвите и нивната интеграција во општеството се важни и за поединецот и за заедницата. За помош на жртвите од мини е раз­виена, посебна стратегија, а до крајот на 2008 година се пред­видува хармонизација на законските одредби што се одне­су­ваат на лицата со намалени способности. Квалитетот на жи­вотот на жртвите од мини би требало да се подобри со уна­пред­ување на системот на рехабилитација и вработување на лицата со намалени способности. Тоа  се смета и за еден од приоритетните цели во периодот од 2005 до 2008 година. По­мош­та на жртвите настрадани од мини ќе зависи од  рефор­ми­те и на полето на социјалната и здравствената заштита и уна­пре­ду­ва­ње на системот на вработување, а за остварување на наве­де­ни­те цели на Стра­­те­гијата за про­тив­мински ак­тив­ности за Бос­на и Херцеговина ќе биде потребно и развивање сис­тем на коор­ди­на­ција, инфор­мира­ње и осигурување квалитет”, стои во веб-стра­ница­та на БХ МАЦ, носител на координацијата за помош на жртвите од мини. Коорди­нацијата на активностите на организациите и институ­циите што се занимаваат со жртвите од мини ќе се остварува со работата на Координативната група и Одборот за помош на жртвите од мини, што е оперативно тело на групата.  Развојот на системот на осигурување на квалитетот ќе биде насочен на воспоставување стандарди за медицинска реха­би­ли­тација, ортопротетски услуги, обуки за персоналот и стандардните оперативни процедури за извезување проекти за помош на жртвите од мини. Организациите што ќе се зани­маваат со помош на жртвите од мини ќе бидат акредитирани за работа во Босна и Херцеговина. Се предвидува организирањето на контролата и оценката на проектите за помош на жртвите од мини да се одвива до крајот на 2006 година.  Информативниот систем треба да биде развиен низ веб-презентација и преку база на информации. Базата на податоци ќе обезбедува опер­а­тивни податоци за Центарот за отстранување мини ќе нуди информациии на заинтересираните и на вклучените во про­гра­ми­те за помош и за жртвите од мини. Прва задача на Одборот за помош на жртвите од мини ќе биде отпочнување активности за формирање база на податоци што треба да се воспостави до крајот на 2005 година, а помошта на жртвите од мини ќе се реализира со користење на домашните капа­ци­те­ти.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA