Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 46 Февруари 2005

   

На втори февруари стартува меѓународната Декада на Ромите 2005-2015 година

Подобар живот за најмаргинализираното малцинство во Европа
                                                                                                       албанска верзија

Според официјалните извори во Македонија живеат 65.000 Роми. Најголем дел од нив, 85 отсто, живеат од социјална помош, во населби без потребна инфраструктура, во субстандардни услови, изолирани од останатото население, а многумина поради тоа што немаат друг излез се оддаваат на питачење. Од 400 регистрирани деца на улица сите се Роми.

Ромската декада 2005-2015 година би требало да биде пресврт за 12 милиони Роми кои се најсиромашното мал­цинство во Европа, постојано на маргините на оп­штес­твените случувања, во многу земји дискриминирани, пре­те­пувани на улица само поради тоа што се со потемна боја на ко­жата, единствено  малцинство во Европа кое с$ уште живее во гета. На втори февруари со конференцијата во бугарскиот гла­в­ен град Софија и официјално стартува меѓународната Ром­ска декада 2005-2015 година. Целите на декадата се вклу­чу­ва­ње на Ромите во општествениот живот, нивното образование, на­ма­лување на сиромаштијата, како и подобрување на до­му­ва­ње­то. Но, со каков старт ја до­че­куваат декадата маке­дон­ски­те Роми?

Според официјалните извори, во Македонија живеат 65.000 Ро­ми. Најголем дел од нив, 85 отсто, живеат од социјална по­мош, во населби без потребна инфраструктура, во суб­стан­дар­дни услови, изолирани од ос­та­на­тото население, а многумина по­ради тоа што немаат друг из­лез се оддаваат на питачење. Од 400 регистрирани деца на улица сите се Роми. Ниту сли­ка­та за степенот на обра­зо­ва­ност на Ромите не е подобра.  Од 7.868 Роми кои се запишале на учи­лиште, основното обра­зо­ва­ние не го завршиле ниту 600 уче­ника. Најголем број од ма­ке­донските бездомници се од ром­­ски семејства. Само пет отсто од Ромите се вработени во државните претпријатија, и тоа на места кои се најслабо пла­­­тени. Сепак, најстрашно е тоа што ромската приказна се пов­­торува - од генерација на ге­не­­рација. Се наоѓаат  во ма­ѓеп­сан  круг од кој како да нема излез...

       “Живеам крај Вардар со жена и пет деца во куќарка од лим и картони. Не знам дали тоа може да се нарече вистински дом. Не, патос немам, а тоа што ме прашуваш... некаква инф... не знам ни да го изговорам. Мислите на струја, вода? Не, не­мам струја, вода земам, за перење од Вардар, а за пиење од блис­­ките јавни чешмички. Децата не одат на школо. Е, неко­гаш питаме, некогаш, ако најдеме хартија, продаваме”, вели три­­­есет­годишниот Алил Ариевски, кој вели и дека не е пис­мен,  дека неговата сопруга со најмалото дете питачи по згра­ди,  останатите деца повремено питачат низ скопските маала,  а ако најдат вода и крпа бришат шофершајбни  на рас­крс­ни­ци­те. Најмладите од семеј­ство­то Ариевски неколку ме­сеци беа и во домот за не­згрижени деца. “Не мо­жам да ги оставам таму за­се­­когаш. Деца ми се. Мо­же­би таму имаат храна и кре­­вет, ама јас не можам без нив...”, вели сопругата на Алил.  

Ромите кои се најси­ро­маш­ни­те жители на земја как­ва што е Македонија каде што има над 35 отсто не­вра­­­ботени се соочуваат со уш­те еден проблем, со тив­ка­та дискриминација. Иако сакаме да се по­фа­ли­ме со тоа дека Ромите во Ма­кедонија се најдобро ин­­тегрирани во однос на останатите земји од Ју­го­ис­точна Европа, сепак тие се дискриминирани кога е во прашање вработувањето, суд­ски­те процеси или пак при судир со надлежните органи на поли­ци­јата.  Истражувањата покажуваат дека неромското насе­ле­ние во Македонија со потценување гледа на Ромите, па така дури 59 отсто од испитаниците кажале дека имаат аверзија кон Ромите. Може ли со разбивањето на стереотипите за Ро­ми­те да се промени и односот на неромското население кон ро­м­ско­то?

“Сметам дека ние, Ромите, можеме да докажеме дека може по­и­на­ку, дека не мора да питачиме или да живееме од туѓа милостина. Мораме да сфатиме дека само образованието ќе ни помогне да излеземе од маѓепсан круг во кој неписмените родители ги одгледуваат децата кои исто така ќе останат без шко­ло, од причина што нема кој да ги насочи на вистински пат. Можеме своите природни дарби да ги издигнеме на ака­дем­ско ниво. На пример, сите велат дека Ромите се музикални, ги сакаат нашите песни. Ете, јас решив оваа ромска вродена дар­ба да ја издигнам на академско ниво”, вели Билен Еминов, сту­дент на Музичка академија кој секојдневно доаѓа во  цен­тар­от “Ромаверситас” на Институтот Отворено општество - Маке­донија. Билен Еминов е еден од 64-те студенти стипендирани од оваа фондација која исто така стипендира и 256 средношколци, 900 основци како и 179 деца во преду­чи­лиш­ни установи низ цела Македонија. 

Прашањето кое се наметнува е како Ромите да го направат големиот исчекор - како од маргинализирана општествена група да станат рамноправни членови на општеството, вклучени во институциите на системот? “Само со заеднички напори ќе се остварат целите на ромската декада. Тоа значи дека не може да се очекува Ромите сами, без помош од другите, да  ги надминат си­те тешкотии, а не може ниту неромското население да им каже на Ромите ‘од утре ќе живеете онака како ние мислиме дека тре­ба’. Сметам дека работата на граѓанскиот сектор е особено важна за ромската декада, а посебен акцент е ставен на  сора­бот­ка­та на ромските граѓански организации со другите асоцијации од гра­ѓанскиот сектор”, вели Владимир Лазовски од Маке­до­н­ски­от цен­тар за меѓународна соработка, соработник на проектот “При­ме­нето образование за младите Роми”, проект кој се одвива во 11 града во земјата. 

Факт е следното. Ромите во Македонија имаат свои политички партии, свој претставник во парламентот, свои медиуми, а един­стве­ни во Европа имаат и своја општина, Шуто Оризари, со над 30.000 жители. Меѓутоа, факт е дека тоа е и најсиромашната општи­на во Македонија, која е без потребна инфраструктура, со нај­го­лем број социјални случаи, со две основни училишта во кои ус­ло­вите за работа се мизерни, со амбуланта која не фун­к­ци­о­ни­ра, а во оваа општина нема ни примарна здравствена заштита.

“Таму кај што почнуваат ромските населби, таму завршува ин­фра­струк­турата. Ромите немаат пристојни живеалишта, тие се нај­за­по­ставени во Македонија. Затоа се надевам дека Ромската де­ка­да нема да остане само на хартија и дека декадата навистина ќе придонесе за подобар статус на Ромите. Истовремено, мислам де­ка  децентрализацијата успешно ќе биде спроведена и во един­стве­ната ромска општина затоа што токму децентрализацијата ќе ги зацврсти позициите на локалните структури кои ќе можат да вли­јаат врз квалитетот на животот на сите жители”, објасни Неж­дет Мустафа, единствен пратеник Ром.

Како што многу работи (да не речеме сите) зависат од парите, очи­гледно е дека и успешноста на  Ромската декада ќе зависи од финансиската помош на државата. Имено, Декадата на Ромите не­ма да ја финансираат меѓународните организации, туку вла­ди­те на осумте земји од Централна и Југоисточна Европа кои се вклу­чени во неа. Тие ќе мора сами да изнајдат средства за спро­ве­дување на зацртаните стратегии за Ромите или во краен случај да се надеваат на поволни кредити од Светската банка.

Ми­ни­стерството за труд и социјална политика изготви и нацрт-стратегија за Ромите во Република Македонија.

“Кога се зборува за разрешувањето на проблемите на Ромите, на тоа мора да се гледа како на процес кој се очекува да трае подол­го време со цел навистина да покаже резултати. Тоа значи инвол­ви­раните во тој процес, Владата, ромската заедница и нивните прет­ставници, како и целата македонска јавност, упорно  да се оби­дуваат да ги реализираат задачите кои се поставени во Стра­те­гијата”, вели Наташа Габер од Институтот за социолошки и поли­тичко-правни истражувања која заедно со Анета Јовевска е из­гот­вувач на Националната стратегија за интеграција на Ро­ми­те. “Ромите се најранлива категорија. А, како за најранлива кате­го­рија не може да се зборува за еден проблем, туку за сплет на по­ве­ќе. Лично сметам дека најитен проблем е домувањето, а со не­го се врзани образованието, здравството и вработувањето. Пози­тивните промени во овие домени неминовно ќе поттикнат подо­брување и во другите области”, истакнува Габер.

Ром­ската декада тече. Многумина од Ромите ниту знаат ниту слуш­нале за неа. Повеќето од нив не се надеваат на подобро утре и гледаат како да го преживеат денот. Но, многумина од нив го напра­виле и вистинскиот исчекор. Завршиле средно, се запишале на факултет, се вработиле и постојано се усовршуваат. Дока­жу­ваат дека Ромите можат, дека Ромите умеат.


Интеграција на Ромите во Словачка и во Македонија од Ебен Фридман

Македонија - единствена национална држава во светот која го издигна ромскиот јазик на ниво на официјална примена

“Ако на повеќето посткомунистички режими им е заедничко тоа што ‘тврдоглаво одбиваат да ги признаат Циганите како нацио­нал­но малцинство, па дури ни како етничка група’, како и ‘пос­то­ја­ните обиди да се намали статистичката важност на циганската заед­ница’, тогаш Македонија претставува исклучок и по двете основи (Димитријевиц 1993:66). Македонскиот попис од 1994 година, не само што ја прикажува Маке­до­нија како модерна балканска национална држава, со најголем број официјално признати малцински ја­зи­ци, туку ја прави Македонија ‘единствена нацио­нал­на држава во светот која го издигна ромскиот јазик на ниво на официјална примена’. Значењето на так­ва­та употреба на ромскиот јазик не лежи само во него­ва­та легитимизација како посебен ромски идентитет, ту­ку исто така и во напредокот во стандардизацијата на ромскиот јазик за официјална употреба и надвор од потребите на пописот”. ( Ебен Фридман, “Интеграција на Ромите во Словачка и во Македонија - компаративна анализа”, Македонски центар за меѓународна сора­ботка, Скопје 2005).

“Морам да признам дека додека живеев во Соединетите Аме­ри­кан­ски Држави воопшто немав можност да се запознам со некој кој припаѓа на ромското малцинство”, вели Ебен Фридман, аме­ри­кански политиколог. “Секако, слушав за Цигани, во една нега­тив­на конотација. Но, кога дојдов во Словенија и кога ги за­поз­нав Ромите сосема добив една друга слика за нив. Тие се луѓе со сите свои маани и доблести, како впрочем и сите ние, но ис­тра­жу­вањето го почнав поради тоа што забележав дека во Словенија ромското население живее сосема од­дел­но од неромското население. Ме интересираше зошто е тоа така. Истражувањата ги вршев во неколку земји, но се задржав на Македонија и на Словачка како на две спротивности - во Македонија како земја во која Ромите се најдобро интегрирани и во Сло­вач­ка, каде тие се крајно дискриминирани, каде тие бук­вал­но  живеат во гета, а на улица може да бидат пре­тепани од словачки националисти и никој да не го ба­ра виновникот.  Во Македонија не може да се случи так­во нешто. Дури и погрдниот израз Цигани во Ма­ке­до­нија с$ помалку се употребува и му го отстапува мес­то на зборот Роми”, објасни Фридман при прес­тојот во Скопје. 

Ебен Фридман кој работи во Европскиот центар за малцински пра­шања во Фленсбург, Германија, и кој и понатаму се занимава со ромското прашање, и тоа главно во Македонија и на ромската популација во посткомунистичка Источна Европа.

Мариа Кука





Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA