среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Документи

   

КОДЕКС
НА СОЈУЗОТ НА ДЕТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (СДОРМ)
 

Кодексот на Сојузот на детски организации во Република Македонија е документ на принципи, вредности и начела прифатени од страна на група невладини организации  кои се вклучени во заштита на правата на детето во Република Македонија.  Со Кодексот на СДОРМ  се стандардизираат нормите за заедничко и координирано дејствување за  имплементирање на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија.
Кодексот помага во подоброто меѓусебно разбирање и подоброто спроведување активности на НВО вклучени во СДОРМ.
Кодексот треба постојано да се усовршува и дополнува во духот на начелата прифатени и проверени во однос на професионалната етика на неговите активисти.

ОДНОС НА НВО  КОН ДЕЦАТА И НИВНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Напредокот остварен на планот на поддршката на децата и нивните права треба да биде клучна цел на членките на НВО вклучени во СДОРМ.
Сите деца  и нивните интереси се еднакво вредни за ангажирање на секоја НВО вклучена во СДОРМ. Секој вработен или волонтер во НВО секторот треба да дава секаква помош, поддршка и заштита на детето кога  тоа за таа цел му се обраќа.

ОДНОС  НА НВО КОН ВОЛОНТЕРИТЕ
Волонтерскиот пристап во работата во НВОи го помага одржливиот развој на НВО.
Секоја НВО вклучена во СДОРМ го потикнува волонтерскиот пристап во  работата и вклучувањето на волонтерите во НВО без оглед на пол, националност, верска припадност и  други разлики.
Волонтерите треба да бидат информирани за сите проектни и програмски активности на НВО и да се вклучат и дејствуваат за реализацијата на тие активности во согласност со мисијата на НВО.
НВО ги едуцира и обучува волонтерите за нивно соодветно ангажирање во активностите и проектите.
НВОи треба да обезбедат обука за волонтерот која вклучува опис на видот на активноста, преглед на проектите и слично.
НВО  регрутира соодветно квалификуван и искусен волонтер за да работи во НВО  по негово барање.
НВО обезбедува добри услови за ефективна работа, компјутер, принтер, материјали за проектите, досиеја, се што е потребно.
НВОи  соодветно ги наградуваат волонтерите вклучени во активностите со благодарници, признаници и пофалници за нивниот доброволен пристап во работата.
НВОи треба да се обидуваат да најдат начин да го задржат и наградат волонтерот кој професионално и комплетно е посветен на работата со децата.

ОДНЕСУВАЊЕТО НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО НВО
Од вработените се очекува да напредуваат и делуваат според мисијата, визијата, вредностите и принципите на организацијата. Со своето однесување сите вработени  придонесуваат кон организацискиот развој и зголемувањето на јавната доверба. Од нив се очекува да се однесуваат на начин што го поднесува острото набљудување на најблиската јавност, без ризик за осуда.
НВОи треба да се обидуваат да најдат начин да го задржат и наградат вработеното лице кое професионално и комплетно е посветено на работата со децата.
Вработените треба:
Секогаш да делуваат со верба во односите со другите вработени, волонтерите и надворешните фактори;
Да не учествуваат, се ангажираат или простуваат нечесност, измама или несоодветно претставување - застапување;
Да не се вклучени во јавни критики на организацијата;
Критиките насочени кон НВО прво да ги изнесе пред организацијата;
Да избегнуваат такво однесување кое може да предизвика конфликт помеѓу најдобриот интерес на организацијата и личните/приватни интереси.
Да ги идентификуваат, декларираат и дискутираат реалните, можните или увидените тешкотии при изградувањето на стандардите на однесување.

ОДНОСОТ НА  НВОи КОН ГРАЃАНСКОТО И ДЕМОКРАТСКО ОПШТЕТСТВО
Секоја НВО вклучена во СДОРМ  се залага за владеењето на правото како темелен систем на властa каде се гарантираат човековите права, граѓанските слободи, националната и верска рамноправност.
Секоја НВО се залага за  мир и сожителство на македонскиот народ со националностите кои живеат во Република Македонија и  предвидува програмски активности за  да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот.

ОДНОСОТ НА НВО КОН ВИЗИЈАТА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Секоја НВО членка на СДОРМ треба да има формулирана визија.
Визијата на НВО е како организацијата треба да изгледа во иднина, кои активности и на кој начин истите ќе се реализираат и дали се потребни истите за целната група за која се формира НВО.
Визијата и дава јасен и секогаш позитивен облик на иднината на НВО. 
Визијата им дава насока на луѓето во НВО и тие  можат да препознаат дека  постоечките вредносни и морални стандарди во постоечката НВО придонесуваат  кон подобрување на имиџот во иднина.
Визијата n дава на организацијата сила да ги поднесе сите "потреси", пречки и кризи. Помага кога ќе се јават турболенции во контекстот, затоа што има јасен правец и насока на движење и конкретна мисија кон која се стреми НВО.
Визијата  го дава текот и насоката на сите активности и постапки што ќе ги потегне бордот/претседателството на НВО и  помага членството да се справи со сите сомнежи и несигурности.  Добро е да биде јасно дека визијата е нешто што треба да се сподели меѓу волонтерите и вработените во НВО.

ДНОСОТ НА  НВОи  И МИСИЈАТА
Секоја НВО членка на СДОРМ треба да има формулирана мисија.
Мисијата на една невладина организација е нејзиниот однос кон севкупните цели предвидени во статутот и програмските задачи и главниот пристап кој објаснува зошто организацијата постои, што сака да постигне и со кои средства.
Мисијата и овозможува на НВО да ги дефинира и операционализира програмските активности и  стратегијата во реализација на истите. Добрата мисија  овозможува насочување на НВО што не би требало да прави. Секој член при пристапување во НВО треба да биде запознаен со мисијата.  Програмските задачи и Повелбата на НВОи каде што се споменува мисијата се подготвуваат за да се информираат членовите и помага  да се создаде чувство на заедничка идеологија и насока, заедничка парадигма на вредности.

ОДНОСОТ НА НВО КОН РАЗВОЈНИОТ ЦИКЛУС
НВОи во согласност со својата мисија се залагаат за одржлив организациски развој. Посветеноста на мисијата, ентузијазмот, професионалниот пристап во работата, како и вклучувањето голем број волонтери со претходна едукација овозможува фазата на консолидација и созревање да не се надмине во фаза на бирократизација. Основачите на НВО грижливо се посветуваат со своето членство да обезбедат максимум ингеренции, константност и успех во работата вградувајќи свежи идеи и работа вклучувајќи голем број студенти волонтери во работата на НВО. Одржливиот циклус на НВО значи прогрес и отстранување на надворешните и интерперсонални пречки во реализација на мисијата.

ОДНОСОТ НА НВО КОН ПРОФЕСИОНАЛНИОТ ПРИСТАП ВО РАБОТАТА
НВОи во рамките на своите програмски активности  предвидуваат постојано усовршување на човечкиот потенцијал со стручни и општи познавања за невладиниот сектор. За таа цел: следи размена на искустава и идеи со други НВОи од земјата и странство, едукација на своето членство преку семинари, обука, како и, соработка со професионални и стручни организации етаблирани во однос на активностите што ги има соодветната НВО.
Своите знаења, активистите на НВО вклучена во СДОРМ несебично ги пренесуваат на другите НВОи.  НВО активистите/волонтерите  имаат доблест, во секое време и на секое место на живеење и работа да се грижат за угледот на организацијата што ја застапуваат. НВО активистотот/волонтерот ги негува сите хумани и човекови вредности како врвен морален стандард за секој  НВОактивист  во рамките на традиционалните НВО стандарди.

ОДНОСОТ НА НВО КОН ОДГОВОРНОСТИТЕ И ОВЛАСТУВАЊАТА
Одговорноста во една НВО треба да ја имаат сите членови на кои им се дадени задачи за реализација на одредени активности.
Овластувањата во една НВО подразбираат контрола над извршувањето на конкретните задачи.

ОДНОСОТ НА НВОи И КРИЗНИТЕ СИТУАЦИИ
Секоја НВОи во кризна ситуација во зависност од мисијата, човечките и материјални ресурси треба да дејствува со помош, поддршка  и заштита на децата зафатени од војна, елементарна непогода, земјотрес... Се прекинуваат редовните активности и сиот потенцијал се насочува кон елиминирање или санирање на состојбите како последица на кризната ситуација. НВОи треба да се вклучат и да се координират со владиниот и бизнис секторот за надминување на состојбата.
Исто така секоја НВО доколку процени може:
Да мирува и да ја следи ситуацијата или да се активира тогаш кога смета дека може да даде придонес; притоа да не презема никакви активности
Да делува сама без при тоа да сноси одговорност за грешките кои што друга НВО ги предизвикала
Да делува координирано со сите НВО и на локално.национално,државно и регионално ниво, без разлика на нивната моќ (финансиска, човечка и материјална).
Да се приклучи кон некоја посилна организација( финансиски,човечки и материјално), поискусна во работата од таа област

ОДНОСОТ НА НВОи КОН МЕДИУМИТЕ
За да се успее  да се воспостави  контакт со медиумите мора да се изгради стратегија како да им се пријде и како да се развиваат релациите со определени медиуми.Токму затоа, потребно е во секоја НВО да има одговорно лице за односи со јавноста.
За да успее во сопствената мисија, НВО потребно е постојано да ги информира медиумите преку пресконференции, информации, соопштенија, заеднички кампањи, описни и статистички податоци, билтени, публикации,  трибини, семинари, симпозиуми, веб страници и слично. Потребно е лицето задолжено со јавноста, информирањето да го обавува преку современите комуникациски системи:мејлови, факсови и лично контактирање со новинарите. Лицето задолжено за односи со јавноста треба да ги открие  новинарите кои работеле со проблематики слични на мисија на НВО вклучена во СДОРМ.
а)Комуникации
Сите контакти со медиумите, кои се однесуваат на прашања за персоналот, односите во одборот, буџет, врски со финансиери и сл. мора да бидат префрлени на Извршниот директор или на одборот.
б)Јавни информации и податоци
Годишниот извештај на организацијата и финансиските извештаи се јавни документи достапни за секој член на организацијата. Согласно со водечките ставови, секој вработен и волонтер  треба да биде сигурен дека информациите што се дадени на јавноста се целосни, разбирливи и вистинити.

ОДНОСОТ НА НВО И ФИНАНСИСКАТА ОДГОВОРНОСТ 

ОДНОСОТ НА ВОЛОНТЕРИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ ВО НВО КОН МАТЕРИЈАЛНИТЕ ДОБРА И СОВРЕМЕНИТЕ КОМУНИКАЦИСКИ СИСТЕМИ
а) Должност за грижа:
Секој вработен и волонтер е должен да се грижи за имотот на организацијата, сметајќи ги тука и досиејата и информациите. Несоодветно користење или запоставување на овој имот може да значи:
Изложување на трошоци;
Неуспех да се остварат или сложат основните финансиски контроли;
Неуспех да се обезбеди сигурност на имотот на НВО.
б)Дополнително користење на опремата и сопственоста
Секоја НВО членка на СДОРМ треба да донесе свој правилник за работењето.
Вработените не смеат да прават никакви промени на софтверот или хардверот без дозвола од одговорните лица.
Е-маилот, копјутерската мрежа во канцелариите,  и другите средства се сопственост на организацијата и со нив треба да се постапува соодветно. Приклучување на интернет или користење е-меил за лични цели за време на работата не е прифатливо. Ова вклучува: приклучување, симнување, испраќање навредливи и несодветни материјали од интернет.
в)Поседување на нешта:
Сите собрани информации и материјали, стекнати или спознати додека се подготвувала работата за организацијата се сопственост на организацијата, освен  ако поинаку не се сложат Извршниот директор, претседателот  или вработените.

ОДНОСОТ НА ВОЛОНТЕРИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ КОН ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ
Вработените и волонтерите имаат обврска да држат во тајност  настани и одлуки во организацијата. Доколку додека се активни за организацијата, добијат доверливи информации не смеат да ги шират и пренесуваат.
Вработените треба да бидат внимателни при електронското емитување, при изложувањето или оставањето на доверливи информации, каде другите можат да ги видат. Доверливите податоци треба да се зачуваат со лозинки или физички брави. За доверливи информации се сметаат (без ограничување):
Информации за целните групи;
Ситуации кога волонтерот или членот од персоналот е навреден, погоден е од некое законско прашање или за него се води истрага;
Лични досиеја и информации, вклучувајќи ги и домашните телефони;
Лични информации за волонтерите;

ОДНОСОТ НА ВОЛОНТЕРИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ ВО НВО И ЛИЧНИОТ БИЗНИС
Од вработените и волонтерите се очекува да дадат сe од себе и колку што е можно да ги ограничат своите лични бизниси за време на работните часови. Исто така тие не треба да се користат со организациските средства за лични потреби.

ОДНОСОТ НА НВОи И НАЧЕЛА ПРИ ПОЈАВА НА КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ
Интегритетот на организацијата зависи од промислени, добро информирани и фер донесени одлуки внатре во организацијата. Врз можноста да се донесе некоја одлука понекогаш влијаат интересите на другите (лични и професионални) или индивидуата. Еден човек не може да ги елиминира конфликтите на интересите. Тие се вообичаен дел од организацискиот и професионалниот живот.
Организацијата отворено ќе се справи со актуелните, можните и предвидливите конфликти на интересите. Овој вид на политика овозможува заштита и справување со ситуациите кои можат да го загрозат интегритетот на организацијата и довербата на луѓето. Фокусот ќе биде на потегнувањето на прашања и развивање на план за нивно соодветно решавање. Основна премиса во разрешување на секој конфликт е разговор со исцрпување на сите атрибути и стандарди на хуман и невладин морален стандардизиран код на комуникација.
Прниципи:
Одредени принципи се однесуваат на процесот на конфликти на интереси. Вработените и волонтерите треба:
да ги идентификуваат, да се изјаснат и реално да ги продискутираат можните и предвидливи конфликти со нивниот претпоставен или со Извршниот директор или Претседателот;
да избегнуваат ситуции во кои има или може да се предвиди дека ќе се јават конфликти, поврзани со друга личност или организација;
да избегнуваат ситуации кога може да се појават конфликти помеѓу најдобриот интерес на организацијата и личните интереси;
да работат со одговорните лица на равивање план за решавање на било кои можни конфликти на интереси, потенцирајќи дека откривањето и забележувањето на вакви откривања може само по себе да биде доволно во некои случаи.

ОДНОСОТ НА ВОЛОНТЕРИТЕ, ВРАБОТЕНИТЕ И ПОЛИТИКАТА
Политички активности на вработените и волонтерите и НВО
Во Кодексот на СДОРМ се предвидува основниот стандард во невладиниот сектор на неспоивост на две функции во исто време. Сите вработени во НВО и волонтерите, доколку се носители на функции во политички партии, државната или локалната власт, пожелно е да ја напуштат функцијата во НВО.
Основените принципи на непартиско, невладино, непрофитно и хуманитарно ангажирање на вработените и волонтерите во НВО се неспоиви со политичкиот ангажман на истите.

ОДНОСОТ НА НВО И САМОФИНАНСИРАЊЕТО
Секоја НВО треба да се стреми кон одржлив развој и организациско јакнење пред се преку разни форми на самофинансирање. Секоја НВО која обезбедува средства преку  самофинансирање и доколку ги вложи средствата во тековните активности на НВО не се профитни активности, туку наменски средства  за самоодржливост.

ОДНОС НА НВО И  ФИНАНСИЕРИТЕ
Секоја НВО вклучена во СДОРМ обезбедува високи стандарди и професионален пристап на работата кон финансиерите.
Покарај доставување на описни и финансиски извештаи секоја НВО корисник на програмски средства од фондација, потребно е да го архивира и документира своето работење со архивирање на написи од печат, фотографии, лични искуства и импресии на волонтерите и раководителите на проектот, како и анкети и интервјуа со децата корисници на услугите на НВО реализатор на проектен циклус.

ОДНОСОТ НА НВО  И ВЛАДИНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
НВО соработува и се вклучува во проектни и програмски активности со владините институции само во случај кога не се кршат основните начела и принципи на мисијата на НВО и стандардите утврдени со потпишувањето на овој Кодекс.

ОДНОСОТ НА НВО И БИЗНИС СЕКТОРОТ
НВО соработува и се вклучува во проектни и програмски активности со бизнис секторот само во случај кога не се кршат основните начела и принципи на мисијата на НВО и стандардите утврдени со потпишувањето на овој Кодекс.

ПРИЛОГ Б
ШТО ОВОЗМОЖУВА СОЈУЗОТ
Сојузот не е ништо повеќе од комуницирање и соработување со невладини организации кои се посветени на повеќе заеднички прашања. Значителни предности  се постигнуваат кога невладините организации се поврзани заедно само преку заедничката посветеност и одлучност. Сојузот се основа за постигнување привремени и трајни цели, дефинирани во Кодексот, со долгорочна цел имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија. Начинот на учество на НВОи во СДОРМ е децентрализиран и сите членки кои учествуваат се еднакви.
Со здружувањето во СДОРМ  се очекува реализација на оние цели кои бараат индивидуални иницијативи, брзо рагирање, флексибилност и преземање ризици.
Во СДОРМ се овозможува добар потенцијал на критичен ресурсен човечки потенцијал, организациска структура, мобилизација на институционалните извори, видливост и почитување.
СДОРМ придонесува во собирање и споделување на критички ставови во изградбата и развојот на граѓанското општество.

ЗОШТО СОЈУЗ
Работејќи заедно НВОи можат поефикасно да делуваат и да ја фокусираат својата заедничка енергија да влијаат врз промените. Кога се работи одделно без координација, организациите ги дуплираат напорите и обидите и понекогаш дури работат едни против други.
Во рамките на СДОРМ секоја организација станува дел од една поголема група, чиј заеднички глас се слуша. Сојузот ги умножува средствата, професионалците, врските, ја шири географската мрежа и влијае врз властите.
При развивањето на своите стратегии и тактики, сојузот може врз база на заедничките експерти да направи лоби тим во настап кон медиумите, државниот и бизнис секторот. Во Сојузот покрај заедничкото вложување на човечкиот потенцијал, за реализација на одредени ативности се вложува и материјален потенцијал.
Колку повеќе невладини организации  се вклучени во Сојузот толку е поголемо нивното влијание и со тоа привлекуваат се повеќе и повеќе нови организации или групи.

Улогата на Сојузот на детски организации на Република Македонија:
Сојузот ги брани вредностите, целите и интересите на нивните членови и  ги претставува пред одредените власти, јавноста и други форуми.
Сојузот промовира соработка и мрежното работење меѓу своите членови и другите непрофитни организации, како и изнаоѓање начин на елиминирање, дуплирање на напорите, програмите и активностите на членките.
Сојузот обезбедува сервиси на поддршка, вклучувајќи информации (библиотеки, весници, податоци итн.), обуки, советувања, професионални и технички совети, попусти за групи...
Сојузот ги промовира и засилува високите стандарди помеѓу нивните организации-членки. При засилувањето на овие стандарди, секоја организација  зема  предвид некои од следниве методи:
Услов за членство во Сојузот е потпишување на Кодексот каде се инсистира на согласност со стандардите прифатени од членките.
Годишен писмен извештај од секоја НВО членка во СДОРМ што   покажува дека таа се придржува на стандардите.
СДОРМ во своите понатамошни активности не ја вклучува секоја организација која за разумно време и од неоправдани причини не може да се усогласи со стандардите.
 Редовно издава достапни списоци на членките и јавно се оградува од било која членка која не ги запазува стандардите.
СДОРМ е отворен за секоја НВО што има иста мисија и што го прифаќа КОДЕКСОТ. 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA