|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
МЦМС
Унапредете го вашето знаење и вештини
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) обезбедува образование на возрасни и ви нуди можност да го надградите вашето формално образование, да стекнете дополнителни знаења, квалификации и вештини, да го зголемите вашиот потенцијал за развој на кариерата и да ја зголемите вашата вредност на пазарот на трудот.
Преземете ја пријавата за обуки.
Обуките на МЦМС се развивани низ 13 годишното искуство во соработка со истакнати меѓународни консултантски компании. Повеќе од 4.600 учесници на нашите обуки и нивните организации веќе ги чувствуваат придобивките од подобрените раководни вештини, дизајнираните внатрешни системи и процедури, развиените практики за набљудување и оценка, подобреното проектно и стратешко планирање, стекнатите комуникациски, презентациски и други лични вештини.
Кој и кога може да се пријави
Обуките им се наменети на сите оние кои сакаат да работат на својот личен и организациски развој. Рокот за пријавувањето е најдоцна 15 дена пред започнувањето на обуката.
Придобивки од обуката:
- практично знаење и вештини
- осознавање на теоретски концепти
- учење од релевантни успешни искуства
- материјали од обуката (прирачник, студии на случај, ЦД)
- дополнителни консултации после обуката
- сертификат
- редовни информации за понудата на обуки на МЦМС
„Напреден менаџмент“ со Сашо Клековски
Се соочувате со големи предизвици и потреби за промена во вашата организација? Вработените не ги прифаќаат промените и имате потешкотии да се справите со тоа? Потребна е промена на организациската структура? Во недоумица сте дали треба да воведете нови стандарди во вашето работење?
Успехот на една организација е директно поврзан со способноста на нејзините менаџери навреме да ги согледаат заканите во опкружувањето, да го поттикнат најдоброто во секој вработен, да извлечат максимум од тимот како целина и да применат соодветни пристапи за организациско прилагодување и промени. На оваа обука ќе ги обновите своите раководни знаења и вештини, и ќе научите нови раководни техники. Програмата ги акцентира лидерството, менаџерските вештини, донесувањето одлуки и организациското учење.
Обуката им е наменета на сегашни и идни менаџери со одредено искуство на раководни функции кои сакаат да ги подобрат вештините за раководење.
Обуката е во времетраење од 48 часа и ќе се спроведува во тек на два месеци почнувајќи од 10 Септември до 10 Ноември два пати неделно во Скопје.
„Добро владеење/управување во граѓански организации“ со Емина Нурединоска
Сакате да порверите дали ги практикувате принципите на добро управување? Дали е јасно во организацијата кој ги донесува одлуките, а кој ги извршува? Дали често си го поставувате прашањето за судир на интересите? Дали сте размислиле какви промени може да ви донесат повисоките стандарди на раководење?
Обуката за добро управување ќе ви помогне да ги разберете законските обврски за вашата организациска структура, но ќе ве однесе и чекор понапред - да ја увидете потребата од јасна поделба на одговорностите што ќе овозможи поголема отчетност, транспарентност, одговорност и партиципативност на вашата организација. Преку теоретски решенија и практични совети и алатки за примена на принципите на доброто управување ќе се стекнете со основните вештини и знаења од оваа област.
Обуката е наменета за раководството на граѓанските организации (здруженија на граѓани и фондации), пред се за лицата кои се дел од неизвршните односно надзорните органи, но и за лицата кои се задолжени за секојдневното раководење и извршување на одлуките во организацијата.
Обуката е во времетраење од 24 часа и ќе се спроведува во периодот 11-13 септември во Маврово.
„Финансиско раководење за почетници“ со Александар Кржаловски
Стравувате ли од толкувањето на финансиските податоци? Не говорите на ист јазик со одговорниот за финансиите во вашата организација? Имате проблем во презентирањето на резултатите од вашето финансиско работење?
Во актуелниот момент кога во контекстот брзо се случуваат промените, еден од основните услови да се овозможи раст на организациите е тие да развијат разбирање и доверба кон користењето на алатките за финансиско раководење.Оваа обука ви обезбедува знаења, практични вештини и самодоверба во интерпретацијата и употребата на финансиските информации. Таа овозможува да го разберете јазикот, алатките и техниките за финансиски менаџмент.
Обуката им е наменета на сите оние кои сметаат дека финансиското планирање и раководење ќе им биде потребно во нивната работа. Обуката им е наменета на учесници кои немаат специфична финансиска едукација.
Обуката е во времетраење од 24 часа и ќе се спроведува во периодот 16-18 октомври во Охрид.
“Лобирање и застапување” со Емина Нурединоска
“Ќе мораме силно да лобираме кај пратениците за да го донесеме законот”...Треба да се зајакне свеста на луѓето за тоа прашање”...„Треба да се здружиме повеќе организации ако сакаме да успееме”, „Како да се постигне максимумот во ситуација кога работите зависат од повеќе засегнати страни?”...се дел од заклучоците со кои граѓанските организации најчесто ги започнуваат нивните активности.
Со соодветно балансирана теорија, примери и практични вежби ќе дознаете: Што е застапувањето, а што лобирањето?; Дали има и што е разликата меѓу нив?; Зошто е важна нашата отчетност и транспарентност?;
Колку се важни соодветните ресурси и капацитети за успех на активноста и колку е битно истражувањето, документирањето и начинот на комуникација?; Какви методи на преговарање и спогодување постојат?;
Зошто ни се партнерствата и сојузите и како да се направи анализа на засегнати страни? Која е правната рамка во Македонија за лобирање?
Обуката е наменета за раководството на граѓанските организации, но и за сите нивни вработени, волонтери и активисти кои се посветени на активности кои значат промени и влијанија на креирањето на политиките.
Обуката е во времетраење од 24 часа и ќе се спроведува во периодот 12-14 ноември во Маврово.
Пријавување
Пријавата за обуката можете да ја најдете тука или да ја добиете во седиштето на МЦМС (ул. Никола Парапунов, бб) Пополнетата пријавата испратете ја на адреса МЦМС, поштенски фах 55, 1060 Скопје или на факс: 02/3065 298 или на e-mail адресата: obuka@mcms.org.mk. За повеќе информации побарајте ја Афродита Муслиу.
Стипендии
Со цел да промовира еднакви можности за најмотивираните кандидати МЦМС ќе обезбеди стипендија во висина до 70% од вкупната цена на обуката. При селекција на добитниците на стипендии ќе се води сметка поддржаните кандидати да бидат претставници на маргинализирани заедници, рурални подрачја или мали организации и претпријатија и да имаат јасна цел како стекнатото знаење ќе го применат за поширока добивка за организацијата и за заедницата.
Преземете ја пријавата за обуки.
Преземете го огласот во пдф формат. (албанска верзија) |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|