среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Документи

   

Потребно е да размислиме - Изјава за кризата во Македонија

Caritas Germany - Deutscher Caritasverband - Каритас Германија

Diakonie Emergency Aid –  Diakonisches Werk der EKD –  Дијаконија итна помош

Со голема загриженост го следиме страдањето и бегањето на десетици илјади луѓе во Македонија. Со оглед на нашиот хуманитарен ангажман во Македонија, не можеме понатаму да ги затвораме очите пред фактот дека човечката несреќа се злоупотребува и се предизвикува со вооружен конфликт со цел да се остварат екстремни политички цели. Од 20-ти јуни сме соочени со одлуката на државите од НАТО, помеѓу кои и Сојузна Република Германија, да испратат од 3.000 до 5.000 меѓународни војници во Македонија за да ја запрат војната. Со ова Македонија станува трета земја на Балканот во којашто НАТО (и ЕУ) сакаат да дејствуваат како посредници во конфликтот и да ја вратат стабилноста и мирот преку воена интервенција. Со оглед на фактот дека војните и конфликтите на Балканот се бескрајни, мораме да се запрашаме дали ова е вистинскиот пат и дали можеме да го оправдаме?

Нашата изјава е резултат на нашата грижа за идните настани на Балканот. Нашите стравувања произлегуваат од нашиот хуманитарен ангажман и се однесуваат на социјалната, политичката и воената реалност во која работиме ние и нашите партнери. 

1. Хуманитарна катастрофа како начин за крај (средство за остварување на целта)
Во изминатите месеци десетици илјади луѓе од Македонија станаа бегалци. Тие се раселија во внатрешноста или пак заминаа за Косово. Со оглед дека и двете страни имаат меѓусебна недоверба и омраза, тешко е да се избегне влошувањето на состојбата. Ние се наоѓаме на работ на хуманитарна катастрофа со стотици илјади бегалци и со уништување. Истиот злокобен кружен процес кој доведе до војна во Косово се повторува и во Македонија. Хуманитарната ситуација постојано се влошува и на крајот ќе послужи за легализирање на воената интервенција во овој регион.
Со бегалците се води политика. Уште поефикасни се известувањата на хуманитарните организации за страдањето на бегалците или нивните слики на телевизија и во новинарските написи. Сликите на мајки кои треперат од студ, или, пак, на деца и старци, може да се злоупотребат како политичко оружје во обидот да се постигнат партиски цели. Тешко е да се остане рамнодушен на моќта на сликите и извештаите за страдањата на бегалците. Притисокот на општеството за политичка и воена интервенција се зголемува.

Ова е една голема дилема за организациите што нудат помош, но исто така и за медиумите. Хуманитарните организации играат важна улога кога станува збор за известувања во врска со кризни ситуации. Сите хуманитарни организации што работат во Македонија ја имаат одговорноста да размислат за влијанието на нивната работа во регионот, како и за влијанието на информациите што тие им ги даваат на медиумите. Секоја мерка за итна хуманитарна помош, за којашто се известува од медиумите или од самата организација, може да биде злоупотребена од екстремистите, кои се надеваат на интервенција однадвор поради „хуманитарни причини”. Оваа логика ја искусивме за време на косовската војна. Правете добри нешта, но не зборувајте за нив – би можело да биде нашето мото за работата во овој регион за определено време.

2. Не смееме да станеме заложници на етничкиот екстремизам
Настаните на Балканот ни покажаа како етничкиот екстремизам и неговата поддршка и нереагирањето го доведе регионот до ќор-сокак. Со огромна загриженост констатираме дека владите и политичарите од земјите членки на НАТО, ЕУ и други земји, на различни начини ја следат оваа политика на екстремните националистички политичари и организации на различните политички партии – со аргумент дека на тој начин може да се спречи уште поголема катастрофа. Дали ова не беше еден од факторите што овозможи етничкиот екстремизам да стане општествено прифатлив и што му даде поголема политичка тежина – со употребата на меѓународната заедница? Дали последните настани во Косово и Македонија не се јасна демонстрација на тој злокобен кружен процес?

Логиката на спиралата на насилството го промовира екстремизмот на двете страни, при што погоденото и уплашено население се повлекува во сопствените етнички кампови. На крајот, хуманитарната криза бара меѓународна хуманитарна помош и воена заштита – етничката поделба на тој начин повторно победува.

3. Воената интервенција не е соодветен одговор за хуманитарните грижи (потреби)
За време на војната во Косово, самите бевме сведоци дека декларираната цел на НАТО, да се спречи хуманитарната катастрофа, не беше постигната. Напротив, по војната, втората хуманитарна катастрофа – протерувањето на Србите, Ромите и сите други неалбански етнички групи на Косово, не можеше да биде спречена. Затоа се прашуваме, дали воената интервенција може да биде одговор на кризата во Македонија?

Со искуството стекнато на Балканот во текот на изминатите години се сомневаме дека интервенцијата што ја заговара НАТО ќе има кратко траење. Напротив, се плашиме дека со доминантниот политичко-воен и безбедносен  менталитет, целиот регион ќе треба да биде воено контролиран подолго време. Тоа ќе биде тежок товар за европската иднина.

Сегашното влошување на ситуацијата покажува колку бргу еден релативно стабилен поредок што беше создаден преку пацификација може повторно да се претвори во отворен конфликт и да доведе до нов круг насилства. Токму затоа, тоа не е моделот кој треба да се следи во решавањето на кризните ситуации во другите делови на Балканот.

4. Промовирање политички и граѓански алтернативи
Потребни се алтернативи за воената ескалација! Националните мировни процеси мора да бидат поддржани, преку што политиката, заедно со граѓанското општество, и вклучувајќи ги сите општествени групи како верските заедници, и/или културни групи, научниците итн., ќе се занимава со етничката дискриминација, општествените проблеми и длабоко вкоренетите стравови. Процеси кои се насочени кон мирно решавање на кризата и кон помирување и демократски соживот.

Потребен ни е таков меѓународен ангажман, при што граѓанските организации и црквите не само што ќе ја намалат хуманитарната катастрофа, туку и ќе промовираат помирување, партиципативна демократија и мирен соживот. 

Потребна ни е меѓународна политика што, наместо воена интервенција, го поддржува граѓанскиот мировен процес, ги зајакнува институциите коишто се базираат на владеење на правото, институциите коишто ги отфрлаат сите форми на етнички екстремизам и коишто не му даваат никаква финансиска, воена, политичка поддршка и признавање. 

Тоа што ни е потребно е далекувида европска политика којашто ќе го стимулира економскиот, социјалниот и политичкиот развој и особено ќе цели кон интеграција на Југоисточна Европа. Ако интеграцијата на регионот во се-европскиот развој не успее, ќе се соочиме со закана од нова поделба на континентот, со декади воена окупација и, пред сe, со страдање и бескрајни реки бегалци. 

5. Справувањето со социјалните потреби – предуслов за спречување на конфликтите на Балканот
Социјалните потреби, неправдата и очајот кај сите групи на населението се закана за регионот и за цела Европа. Особено во контекст на својата драматична историја, Балканот е и ќе остане плодна почва за етничка омраза, сe додека економскиот и социјалниот развој на сите балкански држави решително не се поддржи и истовремено се додека не се пронајде праведно решение за разните групи од населението и се додека не се отстрани сиромаштијата. Доколку ова не се случи, етничкиот екстремизам ќе напредува на плодната почва на страдањето, а надворешната помош ќе биде злоупотребена во борбата за моќ помеѓу етничките групи. 

Во поглед на сегашната ситуација и искуствата, намалувањето на буџетот на Сојузното министерство за економска соработка и развој наменет за Пактот за стабилност во Југоисточна Европа ќе има несреќни последици. Социјалната и политичката интеграција и спречувањето на социјалната сиромаштија кај сите групи на населението на Балканот би бил извонредно важен, ако не и најважен придонес кон траен мир во Европа. 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA