|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Здружението на граѓани уметници "Уметнички ракотворби"
ДЕНОВИ НА ТИКВАТА
„Денови на тиквата“ е граѓански проект насочен кон промовирање на македонското културно наследство и туристичките понуди на Град Скопје преку актуализирање на животот низ заживување на традицијата. Целта е да се презентира есенска храна - по повод светскиот денот на храната, со негување на стари традиционални македонски јадења, интересен за домашната јавност, но и за потенцијалните странски туристи. Проектот го спроведува Здружението на граѓани уметници "Уметнички ракотворби" од Скопје.
Во соопштението од организацијата се вели дека во тек е сезоната на тикви. „Знаете ли дека тиквата во нашите краеви пристигна од Мексико? Некои видови се вбројуваат и во најстарите култури на светот. Постојат преку 700 видови тиква, а денес на нашите пазари можат да се купат хокаидо тиквата (најдобра за печење), аргента (најслатка од тиквите препознатлива по тоа што изгледа како огромна крушка), виоуна и уште по некој вид. Тиквата е едногодишна билка, која спаѓа во здрава и лековита храна. Науката докажала низ корисни состојки и во пулпата и во семките кои ги содржи. Семките често се користат и во исхраната и во народната медицина. Тие имаат околу 20 пати поголема калориска вредност од плодот бидејќи содржат повеќе белковини, јагленохидрати и масти“, се вели понатаму во соопштението.
Инаку по повод Светскиот ден на храната, ќе се одржи манифестација, каде ќе се одржат и натпревари по носење тиква, најмногу излупени семки, најбрзо изедена тиква итн. Манифестацијата ќе се одржи кај школката во Градскиот парк, на 18 октомври оваа година, со почеток во 12 часот.
Еден од новитетите на оваа манифестација ќе биде активно учество од најмлади до најстари со потенцирање на користење на есенските храни направени од тиква и сочувување на стари рецепти - целодневна фамилијарна забава.
Секој кој испрати маил на: contact@kralemarko.org.mk , семејна фотографија од настанот или ја донесе лично добива маица - специјално испечатена за овој настан. Истата ќе може да се подигне во изложбениот салон на Здружението на граѓани уметници "Уметнички ракотворби" на улицата "Ленинова 74/2" Скопје од 9-19 ч.
Организација на манифестацијата е Здружението на граѓани уметници "Уметнички ракотворби" Скопје, град Скопје - Сектор за заштита на животната средина и природата и ЈП Паркови и зеленило Скопје. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|