|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Првата детска амбасада во светот - Меѓаши
Работилница и реакција за заштита на правата на децата
Првата детска амбасада во светот - Меѓаши на 25 и 27 март, во своите простории, одржа еднодневни работилници на тема „Интервјуирање деца сведоци во полициската постапка”, како дел од активностите во рамките на проектот „Детото - сведок која бара посебна грижа”, што се спроведува во рамките на Регионалната програма „Детство без насилство - кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа”.
Во соработка со Министерството за внатрешни работи, до сите полициски станици, Амбасадата дистрибуира и постер со текстот „Почитуван суде, се плашам”, а со помош на Министерството до полициските станици ќе се дистрибуира и книгата „Одам во суд”. Работилниците ги водеше Цена Чаловска, главен инспектор за малолетничка деликвенција во СВР-Скопје. Целта на работилниците е да се стекнат нови знаења за техниките, методите и новите пристапи во интервјуирањето деца сведоци, како и размена на искуствата и дискусија за проблемот.
Во текот на март Меѓаши од народниот правобранител, Иџет Мемети, побара да го испита случајот на грубо кршење на правата на децата од страна на полицијата при приведување десетина деца на 11-годишна возраст, со комбе, во полициската станица Карпош, ученици од ОУ „Владо Тасевски” од Скопје. Во своето барање до министерката Гордана Јанкуловска да ги казни полицајците кои направиле голем престап во приведување, повикување и сослушување деца кои не се кривично одговорни (за нив одговараат родителите-старателите), односно без знаење, согласност и присуство на нивните родители, старател или адвокат-бранител, Амбасадата Меѓаши посочи дека во овој случај се прекршени одредени членови од Конвенцијата за правата на детето.
„Во Законот за полиција, во Законот за внатрешни работи и во Кодексот на полициската етика стои дека при приведување малолетни деца нивните родители, односно старатели, мора да бидат известени во рок од 3 часа пред акцијата за приведуавање на нивните деца од страна на полицијата”, се наведува во реакцијата на Амбасадата.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|