Фондовите на Европската Унија II
КАРДС и ЕИДХР
Вондовите на КАРДС се отвораат преку повици, или врз база на тендер или врз база на повик за предлози. За тендерот се изготвува краток список на организации на кои им се нуди да поднесат целосен предлог базиран на општи услови. Избраната организација потпишува договор за услуги со Европската комисија. Кога станува збор за повици за предлози, организациите пишуваат целосен предлог и доколку бидат избрани, им се нуди грант за негова имплементација. творените повици за меѓународните тендери, како и повиците за предлози, се објавени на веб-страницата на Е
Што е ЕИДХР?
Европската иницијатива за демократија и човекови права позната како ЕИДХР ја лансира Европскиот парламент во 1994 година со цел да поврзе низа буџетски наслови кои третираат промоција на човековите права. ЕИДХР е управувана од Канцеларијата за соработка на ЕуропеАид и е фокусирана тематски и регионално.
Имплементацијата на помошта се заснова на три инструменти, односно, целни проекти, повици за предлози и микропроекти. Централизираната имплементација (преку Брисел) се применува за сите фондови доделени преку буџетската линија на ЕИДХР. Целните проекти се проекти за заеднички програми со партнери, како на пример, меѓународни владини организации или национални власти. Овие проекти се идентификуваат од страна на Европската комисија во потрага по специфични цели кои не можат да се обезбедат преку повик за предлози. Проектите кои се идентификуваат преку повици за предлози, со помош од ЕК не помала од 300.000 евра се имплементираат од страна на оператори на граѓанското општество, вклучително локални власти (но не и официјални државни и национални владини организации или институции). Микропроектите се мали проекти под 50.000 евра директно водени од страна на делегациите на Европската комисија во земјите каде што се спроведуваат.
Во однос на Балканот и Македонија, ЕИДХР се фокусира на мерките кои ја потпомагаат демократската стабилизација на регионот и вклучувајќи го, меѓу другото, и фокусирањето на меѓународните трибунали (на пр. ИЦТИ), како и борбата против измачувањето, расизмот, ксенофобијата (заедно со онаа на малцинствата) и смртната казна.
ЕИДХР има дополнителна улога, фокусирајќи се на прашањата поврзани со човековите права само во Босна и Херцеговина и во унијата на Србија и Црна Гора, единствените две земји од регионот кои се во нејзин фокус. Подобните земји за овие фондови се назначени во секој повик, а како целни земји најчесто се јавуваат оние кои не се во состав на ЕУ (вклучувајќи ја и Македонија)..инт/цомм/еуропеаид/тендер/индеџ_ен.хтм_ (примероци од документите).
Кои критериуми за подобност треба да ги исполнуваат ГО за да аплицираат за КАРДС и ЕИДХР?
Критериумите за подобност се поврзани со типот на организациите, активностите и трошоците кои би можеле да се побараат во апликацијата. Критериумите за типот на организација и трошоците се општи и бараат: организацијата да биде непрофитна и да има статус на правно лице; да биде граѓанска организација (ГО) или професионална асоцијација; да има свое седиште во подобна земја; да не е банкротирана, осудувана или професионално несоодветно водена, како на пример да нема плаќано социјални придонеси; да не е подлежи на конфликт на интереси.
Според меѓународната процедура за тендер, организацијата треба да ги исполнува следните критериуми: просечниот годишен приход (за договори за услуги) на кандидатите за последните две години мора да биде поголем од 2 милиони евра, позитивен баланс на почетокот и на крајот од годината, најмалку 20% од постојаниот персонал или повеќе од 8 вработени да работат на полињата на кои се однесува договорот, кандидатите да имаат работено во последните пет години на барем два главни/големи проекти (при што делот/процентот на кандидатите за услугите да биде поголем од 250.000 евра) од кои барем еден во ЕУ и еден во земјите од ЦЕЕД/МЕДА, на полињата на кои се однесува договорот.
Општите правила за подобни трошоци вклучуваат: трошоци коишто на себе ги презема апликантот, а вклучуваат трошоци за персоналот, патни трошоци и хранарина, набавка на опрема, потрошен материјал и набавки, соработници, ревизија. 7% од административните режиски трошоци можат да се бараат/пријават како подобни трошоци. Подобната акција е прецизирана во секој тендер или предлог кој се заснова на областа на програмата.
Критериумите за подобност на ЕИДХР се исти како и на КАРДС (види погоре). Според ЕИДХР, може исто така да аплицираат и високообразовни институции и медиумски профитни организации и непрофитни организации (медиа профит макинг институтионс њитх нон-профит).
|