СТРАТЕГИЈА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА
Што е стратегија?
Џ.Л. Томпсон (1995) ја дефинира стратегијата како средство за постигнување на целите на една организација. Постои општа стратегија за целата организација и стратегија секоја посебна активност.
Интегрирана комуникација
Не можеме да говориме за стратегијата за односи со јавноста без да се фокусираме на концептот и важноста на интегрираните комуникации. Доследно комуницирање не значи комуникација со иста порака. Основна цел на односите со јавноста е да се развие соодветна порака и да се соопшти со тон кој соодветно ќе ја престави организацијата на начин на кој таа сака да биде претставена, дури и кога се соочува со посебни ситуации и кризи. Исто така, пораките мораат да бидат креативно адаптирани за да можат да бидат разбрани од различни видови на публика за кои се наменети.
Стратешки односи со јавноста
Развојот на имиџ е само еден аспект од стратешките односи со јавноста. Многу организации велат “ајде да направиме нешто за односите со јавноста” или “би можело да имаме корист од добри односи со јавноста” без да разберат дека односите со јавноста не се нешто што може да се направи толку едноставно. Односите со јавноста не се опција туку мора да бидат дел од филозофијата на организацијата. Мора, како што вели официјалната дефиниција, да вклучува планирање и одржлив ефект.
Вистинските односи со јавноста не се случуваат сами по себе. Треба да се постават цели, за да биде јасно што треба да се постигне со односите со јавноста и да се овозможи евалуација на успешноста. Мора да ја дефинирате вашата “публика” за да може правилно да ги насочите вашите пораки. Пораките треба да бидат запишани, како проверка дека секој во органзиацијата знае каков имиџ се промовира и кому што му велите. Ставете го сето ова во еден документ и веќе ја имата рамката за стратегија за односи со јавноста. Вашата стратегија треба да содржи:
1. Каде сте сега
Започнете со резиме на тоа каде сте сега, какви активности во делот на односи со јавноста спроведувате и каков имиџ би сакале да имате. Ова е вашиот репер.
2. Каде сакате да стигнете
Следен чекор е да го одредите имиџот што би сакале да го постигнете по одредено време. Запрашајте “Каков имиџ би сакале да имаме ова време следната година? А за пет години? Планирајте краткорочно и долгорочно.
3. Цели
Поставете не повеќе од шест цели, на пример.
-да се подобри нашата грижа за клиентите
-да се обезбеди медиумска покриеност на нашата работа воопшто и особено да се привлече позитивна и информативна покриеност на нашите проекти за корисниците на дрога
-да се привлече интересот на оние кои донесуваат одлуки
Вашите цели треба да бидат реалистични и вашиот прогрес треба да биде мерлив.
4. Публики
Најбројте ги сите публики со кои соработувате (вашата листа ќе биде подолга отколку што мислите). Сега групирајте ги во категории пр. носители на одлуки, други хуманитарни и добротворни организации, муштерии/клиенти итн. и рангирајте ги според нивната важност. Решете, кои од нив (не повеќе од пет) треба да бидат ваша цел во следните 12 месеци и нека ви бидат приоритетни.
5. Пораки
Веројатно ќе увидите дека треба да испратите различни пораки на различни публики. Покрај секоја публика за која сметате дека треба да ви биде приоритетна, набројте ги основните пораки што мора да ги пренесете во следната година.
6. Распоред
Конечно, кога ви е јасно што сакате да постигнете може да ги планирате вашите активности за осноси со јавноста. Запишете што планирате да направите и кога планирате да го сторите тоа.
Поставете дата за да ја разгледате активноста и да го оцените нејзиниот успех.
Стратешките односи со јавноста бараат значителен напор и планирање. Вистинските односи со јавноста нема да ве збогатат преку ноќ, но ќе ви обезбедат долгорочен опстанок и тоа би требало на некој начин да ви се исплати во иднина - вашиот подобар профил можеби ќе доведе до зголемени донации, поуспешна кампања или повешти доброволци; вашите подобри услуги треба да доведат до позадоволни клиенти, и зголемување на бројот на корисници, а со тоа и поголеми фондови.
Односите со јавноста треба да ги сфатите како еден од елементите на целокупната стратегија на организацијата. Времето што ќе го поминете на односи со јавноста е инвестиција за вашиот опстанок и развој, и затоа е составен дел на вашата секојдневна работа. Покрај останатите активности, издвојте време и за односи со јавноста и подгответе се да ги соберете плодовите - можеби не веднаш, но сигурно на подолгорочен план.
Подготвила: Гонце Јаковлеска
(Користен материјал: “The diy guide for public relations”, Moi Ali и "Puvlic relations strategy",Sandra Oliver
|