Штип
Форум за општествена одговорност на претпријатијата
Работите се подобруваат, но ниту работниците, ниту, пак, работодавачите знаат целосно што е тоа општествена одговорност на претпријатијата, гласеше заедничкиот заклучок на Форумот за општествена одговорност на претпријатијата што се одржа во Штип на 6 февруари, под покровителство на УНДП,.
„Синидикатот за текстил, кожа и чевли посочи дека има подобрување на условите за работа, но оти и понатаму најголем проблем се платите што ги земаат работниците. Сe уште важи принципот дојди, работи, колку имам ќе ти платам, иако се потпишани колективните договори и се знае најниската плата по сектори”, рече Анѓелко Ангелевски, од Синидикатот за текстил, кожа и чевли.
Работодавачите велат дека имаат многу малку информации, а треба да направат вистинска стратегија со која сите во компанијата ќе бидат задоволни.
Авторот на Националната студија за општествена одговорност на претпријатијата, Александар Николов, нагласи дека раководителите сe уште не може да сфатат дека општествената одговорност ќе им ја олесни работата во компаниите.
Од УНДП се задоволни од проектотот и неговите почетоци.
МИА
|
|