Појмовник

Партнерство се создава кога две или повеќе организации или поединци ќе најдат заеднички интерес да работат заедно кон остварување на заедничка цел. Партнерство можат да формираат поединци и/или организации, на пример партнерство може да постои меѓу две или повеќе организации, организација и поединец, група на неколку организации и неколку поединци итн. Партнерствата можат да бидат многу структуирани или пак помалку формални. Но без оглед дали структурата е стегната и формална или послободна, основно е партнерите да знаат што да очекуваат едни од други и да занаат што сакаат да постигнат заедно.
Една од дефинициите за партнерство гласи: партнерството е највисок стадиум на релации меѓу различни луѓе кои ги соединува посветеноста на заеднички цели, ги поврзува долго искуство на заедничка работа и кои остануваат и понатаму посветени на заедничката визија (Mohaddin 1998). Типично најголем дел од дефинициите го поврзуваат партнерството со неколку карактеристики: долгорочност, споделување на одговорностите, реципроцитет, еднаквост, заедништво и рамнотежа на моќ. Други пак во прв план ја ставаат довербата и почитувањето.  

Водечки партнер - спроведувачка организација која го иницира или води партнерството, развива стратегија, отпочнува програма, управува со спроведувањето, обезбедува најголем дел од ресурсите.

Координација - обиди на групи на организации, донатори, влади, да разменуваат информации и подобро да ги интегрираат своите напори.