КАЛЕНДАР

 

 30 јули–3 август 

Слатина 2001
Во организација на еколошкото друшрво „Треска” од Македонски Брод и спелеолошкото друштво „Пеони” од Скопје, во околината на македонски Брод ќе се одржи еко-спелеолошкиот камп „Слатина 2001”. На кампот ќе учествуваат здруженија кои работата во областа на животната  средина од Македонија. Ќе се одржат повеќе предавања, работилници, ќе се чисти околината и ќе се поставуваат ознаки, корпи за отпадоци и друга опрема.
 
2-7 август 

Плавица 2001
Еколошкото друштво „Злетовица” од Пробиштип го организира еко-кампот „Плавица 2001”. Овој камп е меѓународен и традиционален – годинава се о0држува трет пат. Учесниците ќе учествуваат во повеќе активности: предавања, работилници, чистење и уредување на околината. 
 
 
31 август– 2 септември  


Тренинг за лобирање

 Холандската организација Milieukontakt Oost Europa ќе организира тренинг за лобирање во областа на животната средина. Тренингот ќе се одржи за формира-
ната лоби-група, составена од претста-
вници на неколку здруженија на граѓани, која во рамките на активностите за имплементација на Архиската конвенција ја иницираше Македон-
ската канцеларија на Регионалниот центар за животна средина за централна и источна Европа. Како тренери се ангажирани претста-
вници од Lobby Facility од Полска.