Хрватска

Малцинствата бараат да гласаат за своите претставници

Иако официјално не е започната, изборната кампања во Хрватска е засилена со меѓусебни обвинувања.

Имено, претставник на италијанското национално малцинство, на прес- конференција го обвинил Уставниот суд дека „одбивањето да се даде автентичен коментар на одредбата од Изборниот закон кој го регулира бројот на гласовите на изборите, го враќа проблемот на позитивна дискриминација во полето на политичко тргување, заклучувајќи дека единствената можност која им останува на малцинствата. Имајќи предвид дека тие се дискриминирани со сегашната позиција во Судот, тие бараат заштита на правото за дополнително гласање (гласање два пати: и за листата на малцинствата и за општата листа) коешто го гарантира Уставот пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур“.

Претставниците на чешкото и унгарското малцинство предупредиле дека во својата заедничка програма од 2000 година, партиите од владејачката коалиција ја промовирале заштитата на националните малцинства и “ветиле позитивна дискриминација“.

Г.Ш.