UNEP
Животната средина по косовската криза
Програмата за животна средина на Обединетите нации – UNEP го издаде извештајот „Постконфликтна оценка на животната средина – Македонска состојба”. Извештајот е резултат на заеднички проект на UNEP и Министерството за животна средина и просторно планирање, а во него е даден осврт на животната средина во Македонија, петте идентификувани индустриски жаришта и други индустриски локалитети, еколошките последици од косовската бегалска криза, институционалните капацитети за управување со животната средина и препораките на UNEP за надминување на проблемите.
|