Мобилизација на ресурси II

Типови ресурси

Мобилизацијата на ресурси можеме да ја дефинираме како процес на прибирање различни типови ресурси коишто се потребни за работата на нашата органи­за­ци­ја. Фан­дрејзингот е само еден дел од мобилизацијата на ресурси. Парите се еден од клучните ресурси, но постојат и други корисни ресурси. Важно е да направиме обид да при­стапиме кон поширок список на ресурси. Пред да се започне со планира­њето на мобилиза­цијата на ресурси, ко­рисно е органи­за­цијата да направи преглед на сите ре­сур­си кои­што може да ги искористи.


Механизми за мобилизација на ресурси

Механизмите за мо­би­­лизација на ре­сур­­сите се раз­лич­ни­­те на­­чини коишто ги ко­ристиме за при­би­ра­ње на ре­сур­­си­те. Тоа мо­же да би­де, на при­­­мер, пишување пред­лог-проект, организирање фан­дрејзинг-нас­тан, продажба на производи или услуги, сос­таноци со по­тен­цијални донатори, при­бирање членарина, со­бирање средства преку директна пош­та, преку интернет, преку СМС-пораки и др.

Иден­тификувањето на различните механизми за мобилизација на ресурси е еден начин на кој­што можеме да го прошириме соп­­­ственото разбирање на мо­би­ли­зацијата на ресурси и да го диверзифицираме и про­ши­ри­­ме нашиот пристап од во­оби­ча­еното пишување предлог-про­екти.

Пред да се направи изборот на ме­ха­­низам неопходно е да се на­прави анализа кои се добрите стра­ни, но и кои се можните не­дос­татоци од примената на тој ме­ханизам, како и проценка кои механизми за мобилизација на ресурси се реално при­фа­т­ли­ви за нашиот контекст.

Са­мата примена на механиз­ми­те за мобилизација на ресурси бара претходно трошење одре­де­­ни ресурси, за некои повеќе, за некои помалку. Во секој случај, тре­ба да постои свесност и јасна проценка колку треба првин да вложуваме пред да почне да ни се враќа. 


Провајдери на ресурси

Провајдери на ресурси се оние луѓе/организации кои ги обез­бе­­ду­ваат ресурсите. Различните провајдери на ресурси имаат раз­­лични мотиви за давање. Во презентирањето на на­ши­те идеи обич­но тргнуваме од тоа која била нашата мотивација за да за­поч­неме некоја работа, но мо­раме да бидеме свесни дека потенцијалните донатори ве­ќе имаат сопствени мотивации. Утврдувањето на мотива­ци­јата за давање кај раз­лич­ните про­­вајдери на ресурси ќе ни овозможи да им ја објас­ни­ме придобивката од дава­ње­то на провајдерите, а не са­мо едноставно да им поба­раме ресурси. Тоа исто така ќе ни помогне да ги утвр­ди­ме можните последици од при­­­фа­ќа­њето ресурси од раз­­­­­­­­­лични про­вајдери и ет­и­ч­ки­­­­те пра­ша­ња коишто ќе тре­­­ба да ги земеме предвид.


Поимник

Материјални ресурси
- различни средства, како простории, копир-машини, комјутери, возила за транспорт, храна, освежување и др.

Технички ресурси - стручност, знаење, компетентност.

Социјален капитал - фонд од такви ресурси коишто овозможуваат движење низ личната и професионалната мрежа, а се состои од добра волја, соработка, доверба, информации, емоционална поддршка, моќ, влијание...