16 септември
 
ДЕН НА ЗАШТИТА НА ОЗОНСКАТА ОБВИВКА: Стоп за озонските дупки 

Овој датум во светот се прославува како меѓународен Ден на заштита на озонската обвивка – природен систем на гасовита обвивка околу нашата планета која нe штити од штетните зраци кои доаѓаат од Сонцето. Озонската обвивка е оштетена од човековите активности и таа сe помалку може да го задржи штетното зрачење.
Овоој ден е повод владите, бизнис секторот и другите чинители да се потсетат од опасноста од озонските дупки и да се поттикне акцијата за заштита на озонскиот слој.