Календар

27 јануари: Сеќавање на холокаустот

Овој ден е прогласен како ден на Европската Унија посветен на сеќавањето на жртвите од холокаустот и за превенција на криминалот против човештвото. Тоа е ден кога треба да се потсетиме на големото страдање на Евреите и другите жртви на нацистичката идеологија и да се огласиме против нацизмот и другите видови расизам.

 

2 февруари: Старт на Ромската декада...

Вториот ден на февруари е официјалниот датум кога почнува Ромската декада – процес со меѓународен карактер, кој има за цел да ја поттикне интеграцијата на Ромите и нивната рамноправност. Декадата ќе трае до 2015 година.

 

... И ден на водните станишта

Втори февруари е меѓународен ден посветен на водните станишта – еден од најважните еколошки системи на нашата планета. За жал тие забрзано исчезнуваат и се деградираат, заедно со севкупниот жив свет во нив. Овој ден е посветен на акции и кампањи за нивна заштита.