МАКЕДОНСКО ДВИЖЕЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КАНАДА

Реагирање за Извештајот на САД за Грција

Во Канада е активна невладината орга­низација - Македонско движење за човекови права во Канада (МХРМЦ), кое има и своја веб-страница: њњњ.мхрмц.ца. Неодамна, оваа организација реагираше во врска со Извештајот за Грција на САД, под наслов „Извештаи за практиките на државите за чове­ковите права - 2002: Грција“.

Во овој извештај, како што се вели во реагирањето на МХРМЦ, спо­ме­нувањето на македонското малцинство во Грција е под знаци на навод, се нарекува „славо-македонско“, а јазикот „словенски дијалект“; или пак се избегнува да се спомене неговото име. Ова, сметаат од ова здружение, остава впечаток дека САД се согласува со официјалната грчка позиција дека македонското малцинство во Грци­ја не постои, односно дека е нелегитимно. Здружението цитира неколку делови од овој извештај, во кои делува како САД да се апо­логети на грчката политика кон македонското малцинство. По­ради тоа, здружението апелира да се поправат ваквите грешки во Из­веш­тајот и да се издаде прес-ин­фор­мација за погрешното тре­тирање на ма­кедонското малцинство во Грција во овој документ.

М.И.