Хуманитарна акција за детското здравје

“Од децата за децата” 

Во хуманитарната акција на “Оправдано присутни”, нас­ло­вена “Од децата за децата”, за помош и реконструкција на Детската клиника, се собрани околу 50.000 денари. Во акцијата, деца од основните училишта во др­жа­ва­ва, изработуваа ракотворби од природни материјали кои се продаваа на две училишни изложби во основ­ни­те училишта “Димитар Миладинов” во Скопје и во “Гоце Делчев” во Кавадарци и на тридневната ТВ аукција на А1 телевизија.

“Основците за своите врсничиња, пациенти на Клиника­та, изработија цртежи, накит, куќички, украси од боено стакло, дрво, шарени лејки, бардачиња и други предмети кои се продаваа по различни цени. Децата, упо­тре­бу­вај­ќи ја својата фантазија, изработија и прекрасни пред­мети од хартија, честитки, рамки за слики од макарони и плетени кошнички за пчели. На изложбените тезги во училиштата и на ТВ аукцијата се јавија родители, пријатели и деца кои најмногу понудија за некои цртежи и лејки. Неколку цртежи купени на ТВ аукцијата се донирани од нивните нови сопственици на Детската клиника, каде што ќе ги красат ѕидовите по завр­шу­ва­њето на реконструкцијата. Целта на оваа хуманитарна акција е децата да им помогнат на своите врсници, а наедно и да ги покажат своите креативни можности”, вели Весна Крстевска-Трајкова, организатор на проектот.