Организација на жени Гази Баба
ОЖГБ е невладина, непартиска и непрофитна организација. Регистрирана е како Организација на жените на општина Гази Баба и до денес нејзиното членство брои 1670членови. Членови на ОЖГБ може да бидат сите граѓани од Општината, државјани на РМ без оглед на пол, расна, верска, етничка, политичка припадност и социјална положба. Дејноста на организацијата е создавање на поволни услови за остварување, организиран пристап за постојана активност на жените и младите; застапеноста на жените во сите сфери на јавниот живот, почитување на достоинството и личноста; социјална и здравствена заштита; стручно оспособување, подржување и вклучување во хуманитарни, мировни, еколошки и други видови граѓански иницијативи; иницирање и остварување на меѓуопштинска, меѓународна и меѓуетничка соработка; спречување на секаков вид насилство и др. Активности на Организацијата се: соработка со жените од Арзамас, Русија; создавање нови активи во руралните средини и нивно вклучување во мрежата на ОЖГБ; учество на еколошки акции; организирање екскурзии, семинари, работилници, трибини и сл.; хуманитарни активности; соработка со ООЖМ и ОЖС; подршка и јакнење на женското лоби; учество на разни културни манифестации и изработка на проекти од различен тип.
Ул.Петре Георгиев бб 1000 Скопје Македонија Тел/факс (02) 2618-303 е-маил:ozgb@on.net.mk
|