ДЕМ - МЛАДИ 

Еко-тура

Од 15 до 28 април, педесетина млади луѓе од неколку балкански држави учествуваа во карванот под наслов "Еко-тура", чија цел беше да се запознаат со меѓусебното природно и културно наследство. Карванот беше организиран во рамките на активностите на Југоисточната младинска европска мрежа (СЕЕЅН), поддржана од програмата ФРЕСТА на Владата на Данска. Групата млади од Балканот ги придружуваа и неколку млади луѓе од Данска.

Од Македонија, во оваа еко-тура учествуваа претставници од ДЕМ-Млади и Дром - Куманово. Како што ни рече г. Цветан Николовски од ДЕМ-Млади, координатор на активностите во Македонија, се патуваше со автобус, низ Југославија, Бугарија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Република Српска.

- Посетувавме заштитени природни области или подрачја со посебна еколошка вредност. Се држеа работилници со цел да се запознаеме со вредностите на посетените локалитети. Во Македонија, групата го посети Штип, Охридското Езеро и манастирот Свети Пантелејмон во парк-шумата Водно, крај Скопје. Во нашата држава, беа одржани две работилници - за имплементацијата на Архуската Конвенција и за состојбата со големите карнивори на Балканот, вели г. Николовски.

М. И.