КАЛЕНДАР
 
 
6-8 јули 
Среба за Кајмакчалан

Новинарско правниот енвиро центар ЕРИНА организира средба во Скопје, посветена на проектот финансиран од Министерството за животна средина на Република Грција, кој се однесува на легалната заштита на погранични-
те и заштитените зони. Проектот е финансиран од Министерството за животна средина на Република Грција, а е координиран од здружението „Арктурос” од Солун, во сотаботка со „Номос” од Атина. Главмната цел на проектот е да се испитаат преземените мерки на официјално ниво кои се однесуваат на легалната заштита на пограничните и заштитените зони. По средбата во Скопје, предвидена е и посета на Кајмакчалан, кој е избран за пилот-област што од споменатиот аспект се испитува на македонската страна.
 
 
6-14 јули  
Обука за родови односи и здравство

Во Охрид, во организација на МЦМС и ЕСЕ ќе се спроведе вториот циклус на обука на тема родови односи и здравство. На оваа обука ќе учествуваат женски невладини организации од Македонија. 
 
 
9-11 јули 
 
Раководење со проектен циклус 1...

Во Скопје, МЦМС ќе одржи обука за раково-
дење со проектен циклус на која ќе учествуваат активисти-
те на италијанската организација CESVI – соработка и развој и на нивните партнери – локалните невладини организации.


 
13-15 јули  
... И раковидење со проектен циклус 2

Во Охрид, МЦМС ќе одржи обука за раководење со проектен циклус. Учесници на оваа обука ќе бидат активисти на невладината организација „Воскресение”.