ЈУБИЛЕЈ

85 години Стопанска комора

С топанската комора на Македонија прослави 85 години од своето основање и активно работење. Комората, која претставува најстара и најбројна асоцијација на бизнис-секторот во нашата држава, својот јубилеј го одбележа под името „Традиција, моќ, бројност” и со свечен собир на кој присуствуваа над 2.000 стопанственици и нивни бројни партнери и гости, меѓу кои највисокиот државен врв.

Стопанската комора здружува над 15.000 членки. Најголемиот број од нив се мали и средни претпријатија. Таа дејствува како застапник и лобист на бизнис-фирмите и како посредник во нивните односи со државните тела и органи. Комората е дел од мрежата на стопанските комори на Европа – Еурочемберс (Еуроцхамберс). Како дел од оваа мрежа, Комората ги прифаќа предизвиците кои беа потенцирани на последната средба на Еурочемберс, во февруари годинава, во Белград: осовременување на законската рамка, регионална соработка и интеграција, како и промоција на странските инвестиции во регионот на Југоисточна Европа. Покрај тоа, Стопанската комора е активно вклучена во спроведувањето на спогодбата ЦЕФТА.

Својот предизвик Стопанската комора на Македонија го гледа и во проширувањето на партнерствата, меѓу кои и со граѓанскиот сектор на домашно и на меѓународно ниво.

М.И.