Помош на старите лица
Кампања “Сите сме нивни деца”
Под наслов “Сите сме нивни деца” во текот на мај, беше организирана впечатлива кампања за помош на старите лица во Македонија. Донираните средства беа наменети за подобрување на условите во домовите за стари лица во земјава “Мајка Тереза” во Злокуќани во Скопје, Сју Рајдер - стар објект во Битола, “Киро Крстевски - Платник” во Прилеп и “Зафир Сајто” во Куманово.
Кампањата започна на 5 мај, а на жиро- сметката која остана отворена до 15 јуни, само за еден месец беа собрани околу еден милион денари.
Во неа се вклучија и дел од македонските музички ѕвезди, кои одржаа и хуманитарен концерт на 29 мај во Скопје, а организаторите Црвениот крст на град Скопје, Космофон и агенцијата Њу момент добија поддршка и од дел од медиумите, инстититуциите, од продукциите и од поединци.
Медиумите ја потенцираа донацијата на претседателот на државата Бранко Црвенковски во висина од 60.000 денари, како и на градоначалникот на град Скопје, Трифун Костовски, 100.000 денари. К.Б.
|
|