Билјана Бејкова, проектен менаџер во НВО Инфоцентар

Успешните односи со јавноста градат позитивна репутација

Мотото на НВО Инфоцентар е „Станете видливи и влијателни”. Како би го образложиле мотото и улогата на НВО Инфоцентар во рамките на граѓанскиот сектор?
НВО Инфоцентар е единствената граѓанска организација во Македонија која всушност ја има улогата на непрофитна агенција за односи со јавноста. Тоа значи дека НВО Инфоцентарот им овозможува на формалните и неформалните граѓански иницијативи во државава да добијат соодветен простор во медиумите, успешно да ја пренесат својата порака до јавноста, да го креираат јавното мислење и да станат релевантен фактор во креирањето политики во клучните општествени сфери. За таа цел, НВО Инфоцентарот на над 200 активни граѓански иницијативи на територијата на цела Македонија веќе четири години им обезбедува постојани и бесплатни услуги во областа на односите со јавноста. Така, овие иницијативи на располагање имаат комплетно опремена сала за прес-конференции, дебати, обуки и други јавни настапи, во центарот на Скопје, а покрај логистичката под­дршка, добиваат и комплетна експертиза (од креирање комуникациски планови, до конкретна комуникација со новинарите). Тимот од експерти на НВО Инфоцентарот сето тоа го прави со една единствена визија, за демократски развиено општество, со влијателен, одржлив и транспарентен граѓански сектор. Оттаму, улогата на НВО Инфоцентарот е да биде креатор на позитивна репутација, доверба и влијание на граѓанскиот сектор во општеството, со развиена, постојана и одржлива експертиза во сферата на односите со јавноста и јавното застапување.

Се има впечаток дека улогата на НВО Инфоцентарот во последно време е поширока во смисла на тоа што порано главно граѓански организации, на кои во центарот на вниманието им се животната средина и човековите права, одржуваа прес-конференции во Центарот. Во последно време с$ е поширок кругот на граѓански организации кои одлучуваат да се обратат на јавноста преку Центарот. На што се должи ова? Ваша одлична маркетиншка акција или нешто друго...?
Граѓанските формални и неформални иницијативи во Македонија с$ повеќе ја препознаваат потребата од нивно постојано присуство и влијание во јавноста, па оттаму, тие со поддршка на НВО Инфоцентарот, с$ повеќе се охрабруваат и с$ почесто организираат јавни настапи на кои ги презентираат своите ставови, барања, реакции, предлози за надминување одредени проблеми и слично. Она што нас во НВО Инфоцентарот многу н$ радува е фактот дека бројот на здруженијата кои ги користат нашите услуги е с$ поголем и спектарот на проблеми со кои се занимаваат тие е с$ поширок. Ако во почетокот највидливи беа еколошките здруженија и оние за човекови права, сега, во НВО Инфоцентарот на секојдневна основа соработуваме со голем број локални и национални организации кои се занимаваат со проблемите во областа на економијата, социјалата, здравството, образованието, младите...

Овие иницијативи сфатија дека за да влијаат врз јавното мислење, за да ги мобилизираат граѓаните, за да учествуваат во процесите на одлучување, за да си го зголемат членството, за да го привлечат интересот на медиумите, па и на донаторите, мора да изградат односи со јавноста по сопствена мерка. Успешните односи со јавноста градат позитивна репутација за една организација, а репутацијата, пак, е основната мерка за успехот. Она што исто така не треба да се заборави е фактот дека НВО Инфоцентарот има искусен и креативен тим од експерти за односи со јавноста (со сертификати на Лондонската школа за односи со јавноста), искусни новинари, психолози, истражувачи и аналитичари, како и дека во изминатите четири години НВО Инфоцентарот има повеќе од 200 корисници на услуги, над 500 организирани јавни настани, постојана двонасочна комуникација со медиумите, над 500 прес-клипинзи, секојдневен квалитативен мониторинг на медиумите и повеќе од 80 едукации за односи со јавноста.

Една од постојаните активности на Центарот се истражувањата за медиумите преку Медиумското огледало. Едно од последните истражувања беше претставувањето на граѓанските организации и нивните активности во нашите медиуми. До какви сознанија дојдовте? Имаат ли нашите медиуми чувство за граѓанскиот сектор, дали с$ уште ја игнорираат нивната активност и дали уште има мислења дека граѓанскиот сектор е петта колона?
НВО Инфоцентарот во мај, 2005 година, започна со постојан квалитативен мониторинг на најрелевантните медиуми во Македонија, насловен како „Медиумско огледало”. Ова набљудување и анализа на медиумите има за цел да даде јасна слика за професионалните стандарди и критериуми на информирање во медиумите, но и за начинот на кој тие ги следат и интерпретираат клучните општествени процеси и настани. Во набљудувањето во моментов се опфатени шест дневни весници и шест ТВ-куќи на национално ниво - „Вечер”, „Време”, „Дневник”, „Утрински весник”, „Факти”, „Шпиц”, ТВ „А1”, ТВ „Канал 5”, МТВ1, МТВ2 - вести на албански јазик, ТВ „Сител” и ТВ „Телма”. Најчесто следени теми се работата на Владата, евроинтегративните процеси, а во последните неколку месеци и односот на медиумите кон граѓанскиот сектор. Анализата, но и искуството на НВО Инфоцентарот, покажуваат дека медиумите на дневна основа редовно ги следат прес-конференциите и активностите на граѓанските организации. Сепак, овој манифестиран интерес во медиумите се пресликува само во куси вести и информации. Проблемското третирање на темите кои ги загатнува граѓанскиот сектор, во медиумите, с$ уште отсуствува. Забележливо е и то дека постојат медиуми кои континуирано, паушално, пропагандистички, манипулативно и без конкретни аргументи градат негативна слика за граѓанскиот сектор во државава. Имајќи го сето ова предвид, морам да истакнам дека и покрај традиционално добрата соработка на НВО Инфоцентарот со медиумите, сепак, с$ уште е рано да се етаблираат какви било награди за медиумите кои дале придонес во развојот на граѓанскиот сектор.

Колку луѓето од медиумите се интересираат за истражувањата во Медиумското огледало? Кој се интересира за анализа на медиумите и дали е реално во Македонија да постои месечник, да речеме, кој би ја следел и анализирал работата на медиумите?
Интересот на медиумите за „Медиумското огледало”, според наши сознанија, е поголемо од она што отворено го признаваат тие. Сите го читаат, а понекогаш и реагираат. Знаете, не е секогаш пријатно да ја читате месечната анализа за работата на вашиот медиум. Понекогаш добиваме реакции од типот дека „Медиумското огледало” е „темно огледало”, но тоа не е вина на нашиот тим и на методологијата според која се спроведува мониторингот, туку неговата „темнина” или „светлина” зависи исклучиво од работата на самите медиуми. Досегашното искуство покажува дека постојаниот мониторинг на медиумите е потребен, но дека тој мора да биде следен и од процесот на саморегулација во медиумите, но и од поголема активност  и самокритичност на новинарите, како, на пример, Здружението на новинарите на Македонија.

Се зборува за заминувањето на странските донатори од Македонија (многумина и заминаа). Со оглед на тоа што многу ГО зависат токму од тие донации, да замислиме една хипотетичка ситуација, каква би била сликата на граѓанскиот сектор во земјава без помошта од странските донатори, дали граѓанскиот сектор би опстанал потпрен самиот на себе?
Кога имате држава која с$ уште зависи од странска помош, односно самата не е одржлива, тогаш не можете да очекувате дека преку ноќ граѓанските организации ќе станат одржливи. Мислам дека тоа уште долго време нема да се случи во Македонија, но тоа не значи дека здруженијата не треба да се подготвуваат и да бараат начини на самофинансирање. Точно е дека има определено повлекување на донаторската заедница од Македонија, но не треба да се заборави фактот дека с$ уште постојат фондови кои се на располагање, како и тоа дека доаѓаат и фондовите на ЕУ. Сметам дека ситуацијата не е толку црна, но факт е дека правилата на игра се потешки, а конкуренцијата е с$ поголема. Оттаму, реструктурирањето и стратешкото профилирање на здруженијата е од огромно значење.

Владата изготви програма за соработка со граѓанскиот сектор. Колку таа соработка е навистина видлива, а колку од соработката останува заробена на хартија? Има ли иднина на релацијата Влада-граѓански сектор?
Секоја власт, помалку или повеќе, нагласува дека сака да изгради партнерски однос со граѓанскиот сектор. Деновиве, новата влада тоа го истакна преку усвојувањето и на официјален документ. Би сакала да верувам дека соработката со Владата нема да биде само декларативна, туку дека ќе заживее и дека граѓанскиот сектор конечно ќе биде прифатен како сериозен и релевантен фактор. Сепак, досегашното искуство (чест на исклучоците) покажува дека намерите на власта не се секогаш искрени и добронамерни кога станува збор за граѓанскиот сектор. Таа повеќе ги милува апологетите, отколку опонентите. Оттаму, секако дека би & дала шанса на Владата, но скептицизмот и тоа како е присутен...