Украина
Социоекономското влијание на ХИВ/СИДА
Епидемијата на ХИВ/СИДА во Украина започна во 1987 година, од кога драматично и се шири. Во моментов е една од најбрзо растечките епидемии во Европа – бројката на официјално регистрирани нови случаи на ХИВ двојно порасна во периодот 2000-2004 год. Податоците сугерираат дека Украина е можеби на границата на генерална епидемија поради нејзиното ширење од високо ризичните групи на општото население. Најмногу погодени се младите и жените, а податоците укажуваат дека секое петто инфицирано лице е на возраст помеѓу 18 и 24 години. Процентот на жени помеѓу новоинфицираните изнесува 42. Се предвидува до 2014 година вкупниот број на ХИВ-позитивни лица да достигне од 500 до 800 илјади. Епидемијата на ХИВ/СИДА има сериозни последици за украинското општество и ќе го загрозува неговиот развој во иднина. Влошувањето на епидемијата би можело да доведе до намалување на изворот на работна сила и работна продуктивност, до огромни трошоци за здравствена заштита и намалување на јавните и приватните заштеди и инвестиции. Успешноста во справувањето со неа би зависела од одржливата национална посветеност кон проблемот и добро координираните дејства, особено во поглед на ангажирање невладини организации. Програмите за превенција и лекување мора, пред с$, да ги имаат за целни групи младите, жените и најпогодените региони на Украина. Исто така, потребно е да се вложи посебен напор за пристап до интравенозните корисници на дрога, кои остануваат најподложна група на ХИВ/СИДА. Извор: њорлдбанк.орг
|