Календар

4 јуни
Спомен на воените жртви

Меѓународниот ден за спомен на жртвите од војни треба да биде потсетник за сите оние кои се фактори за отпочнување и водење војни, но и ден кога пошироката јавност го изразува својот протест против воените дејства, а се залага за мир во светот.

 

5 јуни
Ден на животната средина


Светскиот ден посветен на животната средина, 5 јуни, се празнува и со протести и со фестивали. Се слави природата и средината којашто н$ опкружува, а се повикува на нивна заштита од загадување и уништување. Мотото е добро познато: Мисли глобално, дејствувај локално!

 

8 јуни
Океаните – колевка на животот


Овој ден, 8 јуни, им е посветен на океаните и нивната заштита. Тие се колевката на човечкиот род и на сите живи организми на планетата, а денеска милиони луѓе живеат на нивните брегови или гравитираат кон нив. Опстанокот на сите нас зависи од здравствената состојба на големата вода.

 

10 јуни
Саем “Живо наследство”

Во рамките на програмата „Живо наследство” на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија ќе се одржи вториот саем „Живо наследство”. На улицата „Македонија”, под отворено небо, на 10 јуни ќе се претстават проектите и ракотворците поддржани од оваа програма.

 

17 јуни
Заштита од поплави и суши


Овој ден од ООН е прогласен за меѓународен датум за борба против поплави и суши – природни непогоди коишто с$ повеќе го погодуваат светот. Но, поплавите и сушите во голема мера ги предизвикува човекот, со своите неконтролирани активности со коишто ја загадува средината и ја менува глобалната клима. 

 

20 јуни
Заштита за бегалците

Денот посветен на бегалците се одбележува во целиот свет, под покровителство на ООН. Целта е да им помогнеме и да им понудиме заштита на луѓето кои ги напуштаат своите домови, бегајќи пред војните, насилствата, природните непогоди или други неволји. Тоа е ден кога треба да ја покажеме нашата солидарност и хуманост.