СОС ДЕТСКО СЕЛО – МАКЕДОНИЈА

Три години создавање домови за децата

Здружението на граѓаните СОС Детско село - Македонија минатиот месец прослави триго­дишен јубилеј. Тоа беше формирано во ноември 2003 година, како рамноправен член на “СОС Киндердорф Интернатионал”, организација во која членуваат здру­женија на детски села во 131 земја во светот.


Здружението работи на организацијата на работата на СОС детски села, СОС мла­дински куќи и СОС Херман Гмајнер оп­штествени центри.

Идејата на СОС детските села е децата да живеат во семејства, со “мајка”, “браќа” и “сестри”. Во нив се згрижуваат бездомни деца, кои добиваат стабилен дом и чувство на припадност во семејство. Иницијатор на оваа благородна организација е Ав­стриецот Херман Гмајнер кој го основал првото СОС детско село во Имст, Ав­стри­ја, во далечната 1949 година. Денес во светот функционираат 439 СОС детски села во кои жи­веат над 430.000 деца.

Во Македонија првото СОС детско село почна да ра­боти во мај 2002 го­дина во скопската насел­ба Чен­­­то. Тоа има 12 се­мејни куќи и пет допол­нителни објекти. Во него можат да живеат 139 деца. Во се­која куќа се формира се­мејство со 7 деца и една мајка, како замена на биолошката мајка на децата.

За подетални информации за работата на здружението, за начините на кои за­инте­реси­раните можат да помогнат или да се вклучат во работата на СОС детското село, можат да се обратат на телефонот 02/313-9614 или на е-маил:

editor@sos-kd.org.mk или пак да ја посетат веб-страницата:

www.childrensvillages.org