Кампања

СТОП! На насилството врз децата

Првата детска амбасада во светот  Меѓаши започна кампања против насилството врз децата во Македонија, посочувајќи дека за нејзиниот старт биле директно поттикнати од претепувањата на две деца до смрт и поразувачкиот пораст на бројот на јавувања на бесплатната  СОС-телефонска линија за деца и млади, 0 800 1 22 22.

На линијата, минатата 2006 година, бројот на јавувања пораснал на 18,6%, во однос на  2000 година, со 2%. Кампањата, која трае еден месец, е насочена кон подигање на свеста за  потреба од заштита на децата од секаков вид насилство и кон поттикнување на граѓаните насилството да го пријавуваат.

Во и околу центарот на Скопје, на различни локации, се распоредени 15 билборди со пораките „Дали денеска го гушнавте вашето дете?” и „СТОП! На насилството врз децата”.Заинтересираните за поддршка на активностите на Меѓаши можат да се јават или да испратат смс-порака на телефонскиот број на  Космофон,  075/143-424, и на Т-Мобиле 070/143-424, со што ќе донираат 50 денари, односно 100 мкд.

К.Б.