МИМ
Веб-страница и брошура
Македонскиот институт за медиуми изготвува веб-страница, како и информативна брошура, на македонски и на англиски јазик, во која ја претставува својата мисија, целите, дејноста и проектите.
На веб-страницата и во брошурата на МИМ можат да се најдат информации за организациската поставеност и членството, за областите на работа и техничката опременост, како и за досега спроведените активности.
Новост на веб-страницата е МИМ – информаторот, а тука можат да се најдат и информации за Фондот за поддршка на истражувачкото новинарство во Македонија, како и повеќе други информации. Адресата на веб-страницата е: www.mim.org.mk.
|
|