Антикорупција

Нови публикации за антикорупциски иницијативи во Југоисточна Европа

Центарот за политички студии (ЦПС) на Универзитетот на Централна Европа од Будимпешта нуди две нови публикации во својата серија Политички студии ЦПС. Првата е “Од дното нагоре: оценка на записот за антикорупциска помош во Југоисточна Европа” од Мартин Тисне и Даниел Симов, а втората е “Општествениот капитал во Централна и Источна Европа: критичка оценка и преглед на литературата” од Димитрина Михајлова. Публикациите се фокусираат на историјата на донаторски поддржаните антикорупциски иницијативи во регионот и даваат интересни заклучоци во врска со улогата на граѓанското општество во тие иницијативи. Извадоци, како и целокупниот текст од двете публикации, можат да се симнат од http://www.ceu.eu/cps/pub/pub_polstud.htm. Ограничен број печатени копии можат да се нарачаат бесплатно од Борбала Варга на vargab@ceu.hu или преку факс на бројот 00 36 1 235 6170.

Т.Х.