ШКОТСКА

Стратегија за зелено вработување

Владата на Шкотска изготви таканаречена Стратегија за зелено вработување, која има за цел да ги спои решенијата поврзани со економијата и заштитата на животната средина. Односно, проекциите за решавање на проблемите поврзани со вработувањето и заштитата на средината, ќе се разгледуваат поврзано, со цел да се постигнат принципите на одржливиот развој.

На овој начин, владата на Шкотска смета дека ќе придонесе за зголемувањето на продуктивноста, креирање нови работни места и достигнување на високо поставените еколошки цели. Посебни целни области на оваа стратегија се обновливата енергија, рециклирањето на отпадот, управувањето со от­падот и ефикасно користење на ресурсите. За подетални инфор­мации може да се посети страницата www.scotland.gov.uk.

М.И