“Жените го можат тоа 2-локални избори 2005”
Зголемен процентот на жените на кандидатските листи
Сојузот за организациите на жените на Македонија го оцени како многу успешен проектот “Жените, го можат тоа, 2-локални избори 2005”, кој го реализира во периодот од мај до ноември годинава. Според претседателката на СОЖМ, Савка Тодоровска, здружението досега успеало да излобира измени во Законот за локални избори, според кои жените на кандидатските листи ќе бидат застапени со 30 отсто. “Ова е огромен напредок” смета таа, со оглед на фактот што процентот на жените на листите сега, во споредба со процентот од 8,5 отсто на локалните избори во 2000 година, се искачил за над 50 отсто. Во изминатиов период е реализиран Националниот проект, чија цел е да се сензибилираат и зајакнат жените од политичките партии и да се поттикнат помасовно да се вклучат во кандидатските листи за локалните избори. За оваа намена досега се одржани 10 семинари за родовиот концепт и потребата од рамноправно учество на мажите и жените во сите сфери на општественото живеење. Проектот имал две цели, анализа на политичките партии од аспект на полова еднаквост и замена на Законот за локални избори со која е предвидено минимално учество од 30 отсто на жените на кандидатските листи. За таа намена потпишана е согласност со лидерите на 10 македонски политички партии.
Проектот е реализиран во соработка со Одделението за унапредување на половата рамноправност при Министерството за труд и социјална политика, а со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Ж.Ѓ.
|