Интервентен центар на СОЖМ

Мобилни линии за пријавување насилници

Во рамките на Интервентниот центар за сместување на жртви од насилство при СОЖМ од 15 септември 2007 година започнаа да функционираат мобилните телефонски линиии 070(071)/141-700 и 075(076)/141-700.

Тимот на Центарот информира дека СОС-линијата функционира на целата територија на Македонија и дека корисниците на мобилни телефонски линии 070 и 071 (од мобилниот оператор Т-Мобиле Македонија) можат да го пријават случајот на насилство на 070(071)/141-700. Пријавувањето по повик во неограничено траење чини 10 денари, со што 35 % од сумата е наменета за административно одржување на Центарот.

„Корисниците на мобилните телефонски линии 075 и 076 (од мобилниот оператор Космофон) можат да го пријават случајот на насилство на 075(076)/141-700, а пријавувањето по повик во неограничено траење е бесплатно.

Мобилните линии се покриени со постојано воспоставени дежурства 24/7 од страна на обучен тим на СОС-операторки/волонтерки и интервентен шелтер-центар, со можност за сместување 24/48, а воспоставена е соработка и со релевантните институции на системот кои работат на проблемот на домашното насилство.

Националните мобилни телефонски линии (070/071 и 075/076)/141-700 се поддржани од двата национални мобилни оператори, Т-Мобиле и Космофон.

К.Б.