Годишнина

Осум години Блесок

Во март 1998 година излезе првиот број на првото македонско електронско списание „Блесок – литература и други уметности”. Културната установа Блесок, која го издава списанието, е формирана во февруари истата година. Осум години е периодот во којшто списанието навистина „блеска” на македонската и на меѓународната културна сцена. Блесок, по повод јубилејот, одржа прес-конференција на 7 февруари годинава. Беше претставена  годишната програма. Освен редовното е-списание, Блесок ќе објави најмалку 7 печатени книги и десетина книги во е-формат. Во 2006 година списанието ќе биде поддржано од Фондацијата „е-Македонија” на А.Д. - Македонски телекомуникации и од Министерството за култура на Република Македонија.

Досега, во изминатите 45 изданија на списанието се објавени над 4.000 страници текст на македонски и на англиски јазик, исто толку слики во различни галерии, околу 130 музички извадоци од над 800 странски и домашни автори. Културната установа Блесок објави 187 е-книги, на вкупно 35 јазици, од околу 100 светски автори. Во 2006 г. во план се уште 10 е-книги. Блесок објави и неколку ЦД-ромови. БАБЅЛОНИА (њњњ.бабѕлониа.цом.мк) е мултимедијален ЦД-ром, кој содржи 130 е-книги и музика од Кокан Димушевски. Блесок изработи над 40 веб-сајтови, главно од областа на културата (достапни на хттп//десигн.блесок.цом.мк), како и 25 печатени книги (22 самостојно, 3 во соработка со Македонскиот ПЕН центар). Со цел промоција на Македонија во светот, Блесок оствари соработка со неколку меѓународни институции: УНЕСКО, ЦЕЕОЛ (ЦЕЕОЛ -Централ анд Еастерн Еуропеан Онлине Либрарѕ) и БАП (БАП - Балкан Ассоциатион оф Публисхерс). Блесок е коосновач на ЛитКон – Загреб (њњњ.литкон.орг), „Интернет Нетњорк фор Диссеминатион оф Балканс’ Цултурес” и  беше партнер во проектот БалКанис (БалЦанис) – Љубљана (њњњ.балцанис.цом), магазин за култури. Повеќе информации на њњњ.блесок.цом.мк