Совет за меѓународна размена на ученици - Фулбрајтова програма

Ученици на новиот век (НЦС)

Креан рок за аплицирање: 15 декември 2003

Советот за меѓународна размена на ученици со гордост ја најавува третата година од Фулбрајтовата прогарма Ученици на новиот век (НСЦ) која претставува глобална програма за индивидуално истражување мултидисциплинарна/мултинационална соработка во рамките на Фулбрајтовата програма.

Темата за истражување на НСЦ 3 гласи „Кон еднаквост: Глобална еманципација на жените“. 

НЦС 3 ќе поддржи дипломирани студенти и професионалци кои сакаат да ја делат својата работа и да изградат соработка во рамките на гореспоменатите заедниците, како и меѓу нив самите. Ќе се изберат околу 30 члена од САД и од останатите земји од светот. Учениците на НСЦ ќе спроведуваат индивидуални истражувања, ќе вршат меѓународни посети со размена во времетраење од два до шест месеци и ќе учествуваат на програмски семинари во САД и пошироко.

Преку нив, тие ќе можат да ги идентификуваат и да го пренесуваат искуството од заедничките проекти на понапредните истражувања, образованието и/или политиката, со цел да го подобрат животот на жените. Учесниците ќе добијата награди со вкупен износ од 41.500 долари плус патни трошоци и дневници за ориентација и програмски семинари. За повеќе информации, посетете го веб-порталот: http://www.cies.org/ncs/