УНДП
Поддршка за примена на Законот за родова еднаквост во Босна и Херцеговина
Крајната цел на овој проект е да заштита и промоција на родовата еднаквост, а со тоа да се придонесе во развитокот на земјата врз база на човековите права.

Мирсад Кебо, министерот на БиХ за човекови права и бегалци, и Моисес Венанцио, постојан претставник на УНДП, на 4 септември 2003 година со церемонија на потпишување го одобрија започнувањето на проектот со кој УНДП ќе поддржи примена на Законот за родова еднаквост во Босна и Херцеговина – „Развој на капацитет и партнерство помеѓу владите и граѓанското општество за родова еднаквост“. Активностите на проектот опфаќаат, меѓу другото, воспоставување на Родова агенција на државно ниво, во рамки на Министерството за човекови права и бегалци, што треба да има блиска соработка со два Родови центри, на ниво на ентитети, и развој на партнерство помеѓу владите во БиХ и организациите од граѓанското општество. Исто така, се предвидуваат и кампањи за јакнење на јавната свест и обука на обучувачи (судии, учители, службеници во НВО, итн.). Главните точки на проектот опфаќаат активности за развој на капацитети кои промовираат родова еднаквост при учество во јавните работи, образованието, здравството, медиумите, економски можности и пазарот на труд, како и елиминација на насилството во чија основа лежат родовите разлики.
Проектот се планира да трае две години, со буџет од 400.000 долари.
Парламентот на Босна и Херцеговина го ратификуваше инвентивниот Закон за родова еднаквост во март оваа година. Овој закон се смета за прв сеопфатен и употреблив закон за родови одности во регионот.
(УНДП) |