Тони Бачваровски
Би го променил поправедно балансот и распоредот на ресурсите и моќта
Професионално искуство
Информатички техничар, веќе 12 години. Седумгодишно работно искуство како информатичар во Хендикеп интернационал, во Македонија и во Југоисточна Европа. Две години претседател и информатичар во здружението „Отворете ги прозорците”, специјалност - пристапна информатичка опрема и софтвер. Во моментов сум на студии по компјутерска наука и информатика во САД.
Ангажирање во граѓанскиот сектор
Професионално вработен во Хендикеп интернационал, француско здружение на граѓани, 1999-2006 г. Коосновач и прв претседател на „Отворете ги прозорците”, Скопје, август 2005 - август 2007, по што ја вршам потпретседателската функција.
Хоби и интереси
Како и на многу информатичари, компјутерите ми се и професија и главно хоби, неизбежно за да се остане во трката.
Покрај тоа, и автомеханика, електрика и електроника.
Најтешка одлука
Да заминам на студии во САД и да ја напуштам Македонија привремено.
Амбиции
Да завршам универзитет во САД (УЦ Беркли во идеален случај), да стажирам во некои од центрите за пристапна технологија во регионот околу Сан Франциско и да станам еден од експертите за пристапна технологија за лица со хендикеп во Европа.
Во слободното време чита
Микрософт сервер 2003, а доколку имам повеќе слободно време, лесна литература што ќе ми дојде до раце или што ќе ми ја препорача некој, во моментов „Како да бидеш добар” (Хоњ то бе гоод – Ницк Хорнбѕ)
Каде оди во слободното време
Во САД се шетам по регионот и проверувам што се нуди, како што го нарекуваат тука „Бај ареа”, сите градови околу заливот кај Сан Франциско.
За време на викендите
Во Скопје се трудев да ги завршам сите приватни работи што ги запоставував преку неделата. Во САД ја истражувам околината.
Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто
Пасивноста на луѓето, иако имаме прекрасни граѓански организации и прекрасни луѓе во нив, генералната популација не ја разбира и не ја користи својата моќ за да направи промени во општеството и животот. Само остава с$ да тече „КАКО ШТО БИЛО ПИШАНО”.
Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто
Нетолерантноста меѓу нациите, расите, верите итн. Разликите стануваат причина за конфликт и проблеми, а не причина за соработка и развој.
Што би променил/а во Македонија и во светот
Во Македонија средствата и начинот на информирање. Светот, тоа е преголем залак за мене, има многу за менување, но доколку би можел, би го променил поправедно балансот и распоредот на ресурсите и моќта
Совет/порака
Јас немам некој специјален совет, но ќе искористам совет од еден од луѓето што најмногу ги почитувам: „Подобро да бидеш лице од вредност, отколку лице од успех” (Трѕ нот то бе а персон оф суццесс, бут ратхер а персон оф валуе) – Алберт Ајнштајн.
Никогаш не би можел/а
Многу работи!
Генерално, никогаш не би можел да им направам ништо на другите, што не би сакал да ми го направат мене.
|
|