ИНСТИТУТ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО – МАКЕДОНИЈA

Анкета за мир, стабилност и фер избори

На 11 април, годинава, Институтот Отворено општество Македонија ги промовира резултатите од спроведената анкета за мир, стабилност и избори.

Проектот е нарачан од Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа (ЦДРСЕЕ, Солун, Грција), а е поддржан и кофинансиран од грчкото Министерство за Македонија и Тракија и од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

Сондажата на јавното мислење ја спроведе Центарот за етнички односи од Скопје, од 14 до 25 март, а истражувањето го направи д-р Колин Ирвин од Универзитетот на кралицата од Белфаст, Северна Ирска.
Истражувањето, односно анкетата, имаше за цел да се слушне гласот на народот за за мирот, стабилноста и за фер избори во нашата земја.

Со анкетата е опфатена возрасната популација во цела Македонија и се анкетирани 1600 лица, различни по возраст, пол, социјална класа, политичка и етничка припадност.

Д. Медароски