Ваишнавска Верска Заедница (ВВЗ) - Искон, Скопје
ВВЗ – Искон е меѓународно друштво за свесност на Кришна.
Основано е во Њујорк во1965 г. од страна на Шрила Прабхупад,најголем познавач на ведското знаење и санскритски јазик.
Целта на Искон е да ја промовира ведската цивилизација, филозофија и култура во западниот свет.
Неговото дело е импозантно зашто за само 12 години објави 70 наслови во тираж од околу 30 милиони. Во изминативе децении се објавени во неколку стотини милиони примероци.
Неговото дело Бхагават Гита – како што е, е дел од големиот индиски еп Махабхарата кој содржи 100 000 стиха. Неговите коментари се автетични затоа што преставуваат веродостојно презентирање на Бхакти јога по ученички след а не е производ на филозофска шпекулација односно плод на несовршениот човечки ум.
Негови значајни дела се превод и коментари на Шримад Бхагаватам (18.000 стихови) како и на Чаитања Чаритамрита првпат преведени на англиски јазик. Неговото дело е импозантно и западниот свет му е многу благодарен за неговиот цивилизациски придонес.
Искон- Скопје со седиште на ул.Хаванска бр.2, тел/факс.3062-107 настојува да ја пренесе таа стара мудрост, духовна наука и култура и на нашите простори. |