Концепти

СИСТЕМ ЗА ПЛАНИРАЊЕ, МОНИТОРИНГ И ЕВАЛУАЦИЈА

Планирањето како дел од системот на ПМЕ

Планирањето на секоја интервенција се
 состои од следниве фази:
прелиминарна проценка, проценка на учесниците (кој треба да биде вклучен во проектот), анализа на состојбата, дефинирање на целите (каде сакаме да стигнеме), дефинирање на индикаторите за постигнување на целите (како ќе дознаеме дали сме стигнале), дефинирање на резултатите, активностите и ресурсите (како ќе стигнеме?), подготовка за мониторинг и евалуација (како ќе провериме дали сме стигнале?), под претпоставка дека пред започнувањето со планирањето за конкретна интервенција, организацијата веќе има дефинирана мисија, визија и мандат, односно глобални стратешки цели и приоритети.

Што опфаќа прелиминарната
проценка?

Прелиминарната проценка  обично вклучува:
  општа проценка на националниот, религискиот и социјалниот контекст во областа каде што се планира интервенцијата;
- одредување на целната група и крајните корисници, односно на луѓето кои имаат директна корист од интервенцијата;
- анализа на интересите на сите вклучени страни на кои може да влијае интервенцијата (проектот), или пак актери кои можат да влијаат на проектот;
-  првично одредување на начините со кои организацијата, имајќи ја предвид својата мисија и ресурси, ќе се обиде да ја изврши интервенцијата.

Планирање на проектот

Откога начелно ќе ги испита условите за интервенција, организацијата започнува да го планира проектот, односно да го обележува “патот на картата”. Ова е прв елемент од системот на ПМЕ, откако веќе се дефинирани целите и се разработени стратегиите. Планирањето не трба да се гледа како нешто потполно одвоено од мониторингот и евалуацијата. При планирањето секогаш се предвидува начинот на кој ќе се врши набљудувањето и оценката, што значи дека нивното спроведување подоцна во проектот е одредено уште при планирањето.
Интервенцијата на организациите, особено во помалите заедници, предвидува и активно учество на целната група при планирањето. Планирањето треба да биде засновано на потребите на локалната заедница при што треба да се има предвид следново:
• Кој е вклучен во проектот, која е улогата на жените, на другите маргинализирани групи или категории;
• Кој ќе има корист од проектот;
• Кои методи ќе се користат во процесот на партиципативно планирање (планирање со учество на сите засегнати срани), како на пр. групна дискусија, интервју, работни групи и сл.


Анализа на проблемите

Следната фаза е анализа на ситуацијата, поточно анализа на проблемите, или како што уште се нарекува “анализа на појдовната точка”. Овде се разгледуваат клучните проблеми и можните решенија при што прво се одредуваат приоритетните проблеми, се одредуваат нивните причини и ресурсите на локалната заедница кои се на располагање.
Целите на проектот треба да бидат прецизно и јасно дефинирани и да даваат слика за промените кај целната група. Овде треба да се направи разлика меѓу генералната и долгорочната цел кои се однесуваат на проблеми од пошироко значење и цели на пректот – кои се однесуваат на тоа што сакаме да постигнеме со проектот по неговото завршување и кои се насочени кон непосредните причини на проблемот.

МУДРО дефинирање на целите

Дефинирањето на целите треба да биде МУДРО, односно целите треба да бидат мерливи, навремени, достижни, реалистични и одредени.
Следниот чекор во планирањето е да се одреди она што треба да се направи за да се остварат целите. Притоа е потребно:
• Да се одредат резузлтатите преку кои ќе ги постигнеме целите;
• Да се одредат активностите за постигнување на резултатите, со посебно нагласување кој ќе биде вклучен во која активност, кога и каде;
• Да се наведат потребните ресурси за секоја активност (човечки, материјални и финансиски ).
Одредувањето на резултатите овозможува дефинирање на одговорностите во спроведувањето на проектот, што значи дека тие треба да бидат, исто како и целите, јасно дефинирани, но остварливи во релативно краток временски период.
Подготовката за мониторинг и евалуација е составен дел од планирањето. Со мониторингот може да се забележи степенот на достапност на ресурсите, активностите во кои тие се користат и кои резултати се постигнуваат, но и да даде информации кои се користат при оценката.

(продолжува)