Трибина на Проектната канцеларија на град Скопје
Да зборуваме отворено за проблемот на употребата на дроги; Каде сме и што натаму?
Во рамките на Проектот Формирање проектна канцеларија (работна група) која ќе овозможи јакнење на капацитетот за изработка на проекти, подобра обученост на персоналот во град Скопје на 14 ноември, годинава, во просториите на град Скопје, се одржа јавна трибина на темата Да зборуваме отворено за проблемот на употребата на дроги; Каде сме и што натаму?
На трибината учествуваа претставници на ресорните министерства, одредени институции, како и граѓански организации кои работат на решавање на проблемите со дрогите. Секој од нив даде кус пресек на досегашните активности на институцијата којашто ја претставува, како и планови за идни активности, а во врска со насловната тема.
Покрај нив, трибината ја посетија и бројни заентерисирани граѓани на Скопје. За информации можете да се обратите во Проектната канцеларија на град Скопје, а лицето за контакт е Соња Јошева, асистент на координатор.
|