НВО ПАРЛАМЕНТ
Соработка со Парламентот
НВО парламентот ја одржа првата конститутивна седница. НВО парламентот, кој го сочинуваат 208 здруженија на граѓани од Македонија, ќе определи и мандатор за НВО Владата, која ќе има 16 министерства.
Станува збор за иницијативата на повеќе здруженија, која беше покрената во мај минатата година, како резултат на потребата на невладиниот сектор да оствари поблиска соработка со македонскиот Парламент и Владата и нивните органи и тела. На овој начин, сметаат иницијаторите, ќе биде овозможен поблизок контакт на граѓаните со законодавната и со извршната власт во Македонија. Донесена е Платформа за соработка со Парламентот на Република Македонија, Кодекс на работа на мрежата граѓански здруженија и други документи. За додатни информации, обратете се на: nvoizborna@yahoo.com.
|